• Latest

Симовски: Пописот да не се злоупотребува за изборни цели

September 3, 2021
epa08176355 Results of vote during plenary session on BREXIT vote of the European Parliament in Brussels, Belgium, 29 January 2020. Britain's withdrawal from the EU is set for midnight CET on 31 January 2020, with the European Parliament scheduled to vote on the Brexit Withdrawal Agreement.  EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Според студија на ЕУ, застапеноста на жените во европскиот парламент е намалена во однос на изборите во 2029 година

June 7, 2025

Косовските пратеници ниту по 28-ми пат не успеаа да формираат парламентарен состав

June 7, 2025

Владата отвора директна телефонска линија за барањата и потребите на повредените во пожарот во Кочани

June 7, 2025

Во Газа Курбан Бајрам се одбележа под урнатини, без храна и под Израелски напад во кој загинаа 42 лица

June 7, 2025

Трамп го повика Врховниот суд да дозволи масовни отпуштања во Министерството за образование

June 7, 2025
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
Харкив, 25 мај 2024

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Најголем руски напад со дронови го погоди Харкив, најмалку три лица загинати меѓу кои и новороденче

June 7, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Масовен руски напад врз Украина неколку дена по нападите на воздушните бази

June 7, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Симовски: Пописот да не се злоупотребува за изборни цели

September 3, 2021 18:10
in ИНТЕРВЈУ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пописот на население во Република Северна Македонија, што требаше да се спроведе во април годинава, конечно ќе почне за два дена, односно на 5 септември, во недела. ЦИВИЛ ги следи будно сите активности околу пописот, уште од минатата година, кога беше најавено дека во 2021 година ќе се спроведе оваа операција, со свои активности, како што се бројните панел дискусии на локално ниво на темата попис, интервјуа со клучни субјекти и личности што се однесува до оваа важна операција, вклучително и со директорот на Државниот Завод за Статистика, г. Апостол Симовски.

Денеска, на два дена пред почетокот на спроведувањето на пописот во земјава, разговаравме со г. Симовски за тоа како течат финалните подготовки за пописот, воспоставените здравствени протоколи со оглед на пандемијата од КОВИД-19, дилемите на група граѓани во однос на попишувачите, односно дали ќе примаат невакцинирани попишувачи. Го прашавме г. Симовски што мисли за одредени политички субјекти што повикуваат на бојкот на пописот, како и за соработката со институциите, медиумите, политичките партии и граѓанското општество во текот на подготовките на оваа голема и важна операција.

Симовски вели дека Државниот завод за статистика и сите учесници во спроведување на пописот, се целосно спремни за почетокот во недела, на 5 септември.

ЦИВИЛ Медиа: Како течат финалните подготовки за почеток на пописот што ќе почне за два дена,  во недела? Со оглед на одложувањето на пописот поради пандемијата, имавте големи предизвици, и со ангажирањето на попишувачите и со организирање на целиот процес. Дали, и како се надминати предизвиците?

Симовски: Пописот започнува за два дена и ние сме целосно подготвени за оваа операција успешно да ја завршиме. Фактички, сите подготовки се веќе завршени и сега остануваат уште многу ситни организациски работи коишто треба да ги завршиме. Точно е дека имавме проблеми со обезбедување соодветен број на учесници во пописот, ни се погоди заради летниот период, годишните одмори, случувањата со пожарите, пандемијата којашто исто така почна повеќе да се шири во последно време, желбата на граѓаните за учество во пописот, да биде на соодветно ниво, меѓутоа, сите проблеми се решени и мислам дека ќе стартуваме успешно во недела, и дека ќе го завршиме пописот онака како што сме предвиделе, и во тој рок.

„За сите оние што ќе одбијат да бидат попишани од лице кое не е вакцинирано, иако најголем дел од попишувачите се вакцинирани, ќе обезбедиме термин којшто заедно ќе го договориме со тоа лице, да дојде попишувач којшто е вакциниран. Околу прикажувањето, дали тоа ќе биде хартиен или на телефон, тоа е небитно. Битно е тоа лице навистина да биде вакцинирано. Да повторам уште еднаш, тоа не е клучниот момент. Клучно е сите да ги почитуваме протоколите, тогаш сите ќе бидеме заштитени. Бидејќи, јас можам да прашам сите попишувачи да бидат вакцинирани, но ако лицето коешто се попишува не е вакцинирано, тогаш го ставаме во опасност попишувачот.“, објаснува Симовски.

Директорот на ДЗС, Апостол Симовски 3 септември 2021

ЦИВИЛ Медиа: Дел од граѓаните велат дека поради пандемијата нема да примаат невакцинирани попишувачи. Вчера и премиерот најави дека во тој случај, при вториот термин за попишување кој е предвиден и во Законот ќе ги посетат вакцинирани попишувачи. Како ќе го организирате тоа? Дали попишувачите ќе им ги покажуваат сертификатите за вакцинирање на граѓаните? Објаснете го овој дел од процесот на попишување.

Симовски: Да, се слагам дека пандемијата е опасна работа, сите сме уплашени, вклучувајќи ме и мене, и верувам дека не постои човек, не само во државата туку и на планетава, којшто не е исплашен од пандемијата. Меѓутоа, елементарната работа е дали ние, сите заедно ќе ги почитуваме предвидените протоколи, а се со точно таа намена, никој да не биде во опасност пописот да биде причина за ширење на пандемијата. Ова е клучниот момент. Дали попишувачот ќе биде вакциниран или не,  дали граѓанинот ќе биде вакциниран или не, мислам дека ако ги почитуваме протоколите, тогаш тоа нема да има некое значење.

Меѓутоа, како и да е, за сите оние што ќе одбијат да бидат попишани од лице кое не е вакцинирано, иако најголем дел од попишувачите се вакцинирани, ќе обезбедиме термин којшто заедно ќе го договориме со тоа лице, да дојде попишувач којшто е вакциниран. Околу прикажувањето, дали тоа ќе биде хартиен или на телефон, тоа е небитно. Битно е тоа лице навистина да биде вакцинирано. Да повторам уште еднаш, тоа не е клучниот момент. Клучно е сите да ги почитуваме протоколите, тогаш сите ќе бидеме заштитени. Бидејќи, јас можам да прашам сите попишувачи да бидат вакцинирани, но ако лицето коешто се попишува не е вакцинирано, тогаш го ставаме во опасност попишувачот. Така што водевме сметка многу за овој дел добивме многу строги критериуми, кои ќе ги почитуваме до максимум. Сигурен сум и убеден, и ќе инсистираме на тоа и граѓаните да ги почитуваат овие протоколи, барем додека заврши процесот на попишувањето, посочува Симовски.

Симовски вели дека казнувањето на граѓаните што нема да се попишат, не е нешто што тој и ДЗС го посакуваат. Но, доколку не наидат на разбирање, тогаш ќе мора да се применат казнените мерки.

ЦИВИЛ Медиа:  Што доколку некои од граѓаните сепак одбијат да се попишат? Законот предвидува дека попишувањето е задолжително, и дека за одбивање следуваат казни и одговорност.

Симовски: Последната работа што сакаме да се случи, е да казнуваме, заради неучество на попис, меѓутоа, ако е потребно, ако не наидеме на разбирање и ако по сите убедувања сепак граѓани одбиваат да бидат попишани, тогаш ќе ги примениме овие мерки.

Во однос на повиците за бојкот на пописот од страна на одредени групации, Симовски уверува дека оваа техничка операција е внимателно подготвувана во правец на максимална заштита и на граѓаните, и на попишувачите од ширење на пандемијата.

ЦИВИЛ Медиа: Неколку политички партии од опозицијата повикуваат на бојкот на пописот. Кој е вашиот коментар?

Симовски: Повеќе пати сум повторил во јавноста, тие што повикуваат на бојкот, не и мислат добро на државата, и не им мислат добро на сопствените граѓани. Пописот е општествено одговорна и нужна работа. Не би го правеле ако тоа не е во интерес на граѓаните. Пописот треба да обезбеди еден солиден фонд на информации за сите  граѓани, врз основа на кои, надлежните институции и фактори, и бизнисот, треба да креира развојни политики, во интерес на граѓаните. Тоа е целта и идејата на пописот. Пописот се спроведува секаде низ светот. И сите земји се решаваат да вложат огромни средства во оваа операција, да ангажираат голем број луѓе и времетраење на подготовка … Ако не, никој не би се нафатил на една ваква операција, ако навистина нема потреба, и тоа голема потреба.

Ние веќе дваесет години немаме попис. Оваа држава нема елементарни информации за тоа што ни се случува со населението. Колку сме, каде сме, какви сме, која е структурата на населението, каков е квалитетот на понудата на работната сила, каков е нашиот пазар, какви се условите за домување, какви се нашите услови за живеење во тие населени места, дали треба да се интервенира нешто, или не, што е тоа што ќе треба да биде приоритет, и слично. Тоа може да го определите само врз основа на информации. Ние, за жал, ги немаме.

Многу работи, можеби сме ги направиле залудно, во изминатиот период, немало потреба од тоа, ама не сме знаеле дека нема потреба, или, многу работи воопшто не сме направиле, а имало потреба од такво нешто, бидејќи немаме информации. Целта на пописот е токму тоа. Сите тие што агитираат да не се отвори врата, да не се учествува во пописот, апсолутно немаат намера да ги штитат граѓаните, туку имаат намера да пропаднеме како држава, и врз основа на такви активности да добијат некакви политички поени, да дојдат на власт или што и да е. Затоа, апелирам до сите, да не ги слушаат ваквите апели. Не им мислат добро на граѓаните, ја злоупотребуваат, особено состојбата со КОВИД – 19, за да најдат некакво алиби зошто повикуваат на такво нешто.

Интервју со директорот на Државниот завод за статистика, г. Апостол Симовски 3 септември, 2021

-Ние ги убедуваме сите граѓани дека во ниеден случај нема да доведеме некого во опасност и да ја шириме пандемијата, порачува Симовски.

ЦИВИЛ Медиа: Колку сте задоволни од соработката со институциите, политичките партии, граѓанските организации за спроведување на пописот? Има ли простор за подобрување во соработката и каде?

Симовски: Простор за подобрување на соработката секогаш има, и секогаш ќе има, и се надевам дека тој простор никогаш нема да биде ограничен. Драго ми е што најголемите политички субјекти дадоа поддршка за пописот, и јас сум многу благодарен за тоа, меѓутоа, толку. не ни треба повеќе од тоа, бидејќи ова е сепак една стручна операција, професионална, којашто ние како институција треба да ја спроведеме на најпрофесионален можен начин. И до тука, сум апсолутно среќен што ја имаме таа поддршка. Одредени помали политички субјекти, коишто на крајот се дури и безначајни во смисла на своето влијание, сепак настојуваат, од некои си свои лични и политички причини, да ја уништат оваа операција. И не би сакал повеќе да коментирам, бидејќи кажав што мислам во тој дел.

Комуникацијата со невладиниот сектор ја започнавме уште многу пред да стартуваме со официјалните подготовки за пописот. Креирањето на содржината на пописот, техниката, објаснувањето на потребата и така натаму, бевме нон стоп во комуникација со сите. И не само невладиниот сектор, туку и оние коишто се најзаинтересирани, односно како корисници на податоци. И да ја формираме содржината, но и да ја добиеме поддршката, бидејќи ни е неопходна. Се надевам дека не изоставивме никого во овој дел, секогаш можело и повеќе и подобро, меѓутоа бевме секогаш отворени за да чуеме секаква, и критика, но и понуда на одредени решенија, потреби коишто евентуално не сме ги согледале, и слично.

Директорот на ДЗС, г. Симовски им се заблагодари на сите што ја дадоа својата поддршка за пописот.

ЦИВИЛ Медиа: Пред почеток на пописот, која е вашата порака до граѓаните, политичките партии, медиумите и граѓанското општество?

Симовски: Ќе повторам, прво до политичките партии, им благодарам многу за поддршката што ја даваат за пописот, меѓутоа, замолувам да застанат тука во тој дел, да не ја злоупотребуваат оваа операција во интерес на изборни цели, коишто треба да ни се случат многу скоро.

До граѓаните, верувајте ни, оваа операција е за вас битна. Сите овие податоци се во интерес за уште утре да почнат да се креираат вистински, прави политики на развој, врз пснова на солидни и квалитетни информации. Не подлегнувајте на притисокот од одредени субјекти за неотворање врата, да не учествувате во пописот. На тој начин, си правите штета на себе, и на сите нас. Да бидеме сериозни, овие податоци ни требаат, ние сме единствената земја во Европа, а сигурно сме меѓу малкуте во светот, која што нема спроведено попис, дваесет години. Оваа операција ние битна нам, на граѓаните, пред се, и на сите останати. Дајте ја поддршката.

Благодарност до сите медиуми, коишто се навистина максимално заинтересирани, постојано ја даваат поддршката, сме постојано во јавноста, се интересираат за оваа операција, но, замолувам да ги игнорираат сите овие антикампањи за пописот, порача Симовски.

Дијана Тахири

Камера и монтажа: Ариан Мехмети

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ