Утре, по повод Денот на трудот ќе маршираат Сојузот на синдикати на Македонија, под мотото „Не може да се одлучува за нас, без нас“. Протестниот марш на ССМ ќе започне во 11 часот пред седиштето на ССМ, и ќе заврши пред Владата на Република Северна Македонија, со читање на барањата од Мајскиот манифест, и потоа со првомајска седниза на економско социјалниот совет. ССМ бара повеќе договори за вработување на неопределено време, 12 месеци породилно отсуство, К-15 и во јавниот сектор, пораст на платите, да не расте старосната граница за одење во пензија, стоп за мобингот и друго. Очекуваат масовна посетеност од работниците.
Годинава работниците најавуваат голема борба за Една од најголемите борби на работниците зголемувањето на минималната плата. Газдите веќе се изјаснија против, а Сојузот на синдикати на Макдонија бара минималецот да порасне на 13.800 денари затоа што во моментов на едно 4-члено семејство му требаат најмалку 32.850 денари за да го истурка месецот, што е за скоро 9 илјади денари повеќе од просечната плата или од две минимали плати.
Протестен марш организира и Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија. Маршот ќе започне од зградата на МРТВ и ќе заврши пред Владата.Протестен марш најавија и од Синдикатот на новинари и медиумски работници заедно со Синдикатот на дипломатската служба, Независниот академски синдикат и Синдикатот на културата кој подолг период чека на зголемување на платите на културните работници. И сСоцијалниот центар „Дуња“, утре ќе протестира под мотото „Да го одбраниме јавното здравство“ пред Министерството за здравство.