• Latest

Синдикат на Клинички центар: Со сите сили ќе се спротивставиме на постапката за формирање нелегитимен синдикат

February 3, 2020
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Синдикат на Клинички центар: Со сите сили ќе се спротивставиме на постапката за формирање нелегитимен синдикат

February 3, 2020 15:20
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатот на Клиничкиот центар реагираат на изјавата на министерот за образование и наука Арбер Адеми дека не иницирал и не е одговорен за основање на синдикати на јавните универзитети.

„Според дописот на Генералниот секретар на УКИМ, Вие сте иницијатор и оној кој побарува основање синдикат на УКИМ, а според првичната изјава на Ректорот на УКИМ сте еден од учесниците во одлуката за основање синдикат на УКИМ со цел за покачување на платите од 10%, донесена заедно со Ректорите на јавните универзитети.

Ректорот на УКИМ во понатамошните изјави Ве посочува како главен иницијатор на постапката за нелегитимното основање на Синдикат на вработените во УКИМ. Истовремено, Ректорот на УКИМ повторно со неговото толкување на одредбите од Законот за работните односи погрешно ја информира јавноста.

Ги замолуваме неговите правни советници, првенствено поради институцијата која ја претставува, да му укажат на правната регулатива и толкување на член 195 од ЗРО, пред да ги квалификува како неосновани нападите на ректорите на универзитетите од страна на синдикатите и академската јавност.

Катедрата по трудово право на Правниот факултет „Јустинијан први“, Скопје, треба на Ректорот да му укаже дека членот 220 на кој се повикува (за него очигледно единствениот од ЗРО) не го иззема универзитетот како можен потписник на поединечен колективен договор, туку напротив како орган овластен од основачот (Собрание на РСМ) го утврдува неговото право да потпише поединечен колективен договор. Покрај ова, да му се укаже дека согласно законот потписниците на поединечните колективни договори се социјални партнери, а не спротивставени страни.

Во последната изјава, која досега никој не ја демантирал, Ректорот на УКИМ наведува дека “на вчерашната средба со премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерката Мила Царовска, министерот за образование и наука Арбер Адеми и ректорите на јавните универзитети било соопштено дека техничката влада во овој момент се враќа на првобитниот став, предложен од ректорите, дека зголемување од 10 отсто ќе се реализира со измена на соодветен закон. Исто така, договорено е во меѓувреме новоформираните синдикални организации на универзитетите да продолжат со нивните активности“.

По кои одредби од ЗРО власта и работодавачите на своите средби имаат право да даваат дозвола на синдикални организации да продолжат со нивни активности.

По донесената одлука покачувањето на платите на вработените во високото образование од 10% да се реализира со измена на соодветен закон се доведува во прашање искреноста и целта на тие што учествувале во нелегитимната иницијатива и постапка за основање на синдикат на вработените во УКИМ.

Дали под изговорот за „покачување на платите од 10% власта сакаше, а со договореното на средбата и понатака сака да формира синдикат во високото образование кој ќе биде под нејзина контрола.

Со ваквите постапки, покрај претходното, повторно се врши раслојување на членството на Синдикатот на Клинички центар, сега помеѓу докторите. Можда и покачувањето на платите на наставно-научниот кадар од 20%, а не 25% било со некоја цел.

Ќе повториме дека безмалку целиот наставно-научен кадар на Универзитетските клиники и институти, Стоматолошкиот клинички центар „Свети Пантелејмон“ Скопје, како и скоро целиот наставно-научен кадар на Медицински факултет, УКИМ, Скопје се членови на Синдикатот на Клинички центар со што е извршен директен упад во нашиот синдикат.

Во интерес на своето членство, Синдикатот на Клинички центар со сите расположливи средства и сили оштро ќе се спротистави на оваа иницијатива и постапка за формирање на овој нелегитимен синдикат.

Деканот на Медицински факултет, УКИМ, Скопје веднаш да ги прекине сите активности околу формирањето на овој нелегитимен синдикат и стекнатите пристапници да ги поништи.

Во спротивно, Синдикатот на Клинички центар ќе биде принуден да ги извести надлежните институции за оваа незаконска постапка која ја спроведува Медицинскиот факултет, УКИМ, Скопје“, стои во соопштението.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ