• Latest
илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

Сите аларми на ЦИВИЛ

December 6, 2017
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026

Невести бегалки или нови структури: Политиката зад банкарството

September 30, 2026
Кијив, 30 септември 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Ракети и 188 дронови, меѓу загинатите и дете

September 30, 2026

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сите аларми на ЦИВИЛ

December 6, 2017 07:45
in ПОЛИТИКА
илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

Share on FacebookShare on Twitter

Изминатите локални избори се само доказ за предупредувањата и повиците на ЦИВИЛ – Центар за слобода. И овие избори поминаа во знакот на огромни потфрлувања на изборната администрација, започнувајќи од највисоката институција – Државната изборна комисија и завршувајќи со општинските изборни комисии и избирачките одбори.

Од она што го видовме во изминатиот период, Државната изборна комисија повторно ги спроведе изборите со старите проблеми, иако во предизбориниот период, претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, не убедуваше дека Државната изборна комисија е максимално подготвена за локалните избори.

Хаосот со избирачкиот список продолжи и на овие избори. На околу 150 гласачи не им беше обезбедено правото на глас на денот на изборите, само од тоа што ЦИВИЛ го регистрираше, а ДИК не успеа да им излезе во пресрет на барањата на граѓанките и граѓаните.

Наспроти овие 150 гласачи кои на изминатите локални избори не го остварија своето фундаментално право, фантомите повторно се најдоа на избирачкиот список. Граѓаните се најдова во позиција на пинг-понг топче меѓу Државната изборна комисија и Министерството за внатрешни работи.

И овој пат, Избирачкиот список не беше еден од приоритетите на Државната изборна комсија, иако толку убедливо не уверуваа дека овој пат нема да има проблеми со избирачкиот список. Но, затоа, пак, видовме пример, односно, правен преседан, кога во време на изборен процес, спротивно на принципите на стандардите, се менува законот, се менува дури и самата структура на Државната изборна комисија, тогаш можеше да се изнајдат ресурси и време да се реши проблемот на граѓанките и граѓаните кои евентуално на денот на гласање не ќе можат да се најдат во Избирачкиот список.

Општинските изборни комисии кои имаа обврска да ги обучат членовите на Избирачките одбори, најблаго кажано, не посветија доволно време. Триесетминутна обука за членовите на избирачките одбори, според ДИК и ОИК, е сосема доволна. Но, членовите на ИО, во голем број случаи, ненамерно ги кршеа процедурите и законот, затоа што немаа доволно информации.

Иако на почетокот, ЦИВИЛ констатираше подобрена комуникација со Државната изборна комисија, сепак, на барањето на ЦИВИЛ за пристап до јавни информации, од ДИК доби одговор дека прашањата кои ги поставуваме не се од јавен карактер. Во рамките на набљудувањето на финансирањето и трошењето на јавните пари, ЦИВИЛ во неколку наврати ја повика ДИК на транспарентност и отчетност, но тоа едноставно не се случи.

Резултатот од сите овие предупредувања и аларми на ЦИВИЛ резултираше со вчерашното задоцнето, но сепак пристигнато предупредување од американскиот амбасадор Џес Бејли, за бонусите кои Државната изборни комисја си ги поделила изминатиот период.

Наспроти сите критики насочени кон ДИК, ЦИВИЛ им честита за фактот што конечно успеаја да ја убедат јавноста дека, сепак, луѓе од различни партии можат сложно да се договорат за нешто. Тоа што договорот е за трошење на јавни пари е помалку важно…

Маја Ивановска

 

Tags: ДИКобвинувањапредупредувањатрошоци
Share17TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ