• Latest
Добро утро со Орданоски

Сите промашувања на Груевски

December 11, 2017

Старт на тридневната меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“

October 8, 2025

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Сите промашувања на Груевски

December 11, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]П[/dropcap]рво, како секој политички недоквакан економист, си помисли дека економијата е таа што може да ја потчини политиката – тоа одамна, ако некогаш и било, веќе не е така ни во светот, а никогаш на Балканот! Овде или сите политички договори (и по дома и со надвор) ќе ги направиш со некаков оптимален компромис, па ќе одиш да постигнуваш економски успеси; или ќе потрошиш многу енергија на економија, а политиката ќе ти ги „изеде“ економските резултати, дури и кога би ги имал. Со попрости зборови: прво мир дома, добри односи со соседите и членство во пошироки безбедносни и политички сојузи, па потоа (може и паралелно) економски успех што ќе те прослави; обратното не функционира, па макар и Ставревски да те убедувал во тоа.

Второ, алчност, преголема! Добро, јасно ни е, од плата тешко се живее, нека е и премиерска. Крадењето не се оправдува, но кога размерите се огромни, тогаш не може ни да се разбере: зошто уште еден стан на сите претходни, зошто уште еден милион на сите згрнати, зошто сметки во десетици банки, пари во кеш по сефови и плус уште еден плац „за џабал’к“?! Социјални фрустрации ли се во прашање, што е? Не разбра ли дека сѐ и така беше твое, не мораше и да го поседуваш.

Трето, човечкото окружување – поставувањето само лојални клатиглави околу себе е рецепт за политичка катастрофа! Па, барем ти им се изнаслуша телефонски разговори: не ти беше чудно што, и во твое отсуство, најблиските соработници за тебе говорат со „Претседателот“, со големо П? Или тоа, напротив, ти годеше? Ти („надежниот технократ“) би требало да го знаеш најважното кадровско правило: првокласни менаџери се окружуваат со првокласни соработници; второкласни менаџери се опкружуваат со третокласни соработници. Што да правиме со „четвртава класа“ што ја остави зад себе?

Четврто, како и во хуморот, и во политиката тајмингот е сѐ! Одлични шеги пропаѓале заради грешка во ритамот, кога поентата ќе се каже прерано или предоцна. Ти, без никакво чувство за хумор, ги утна сите политички тајминзи: пропушти низа прилики да се спогодиш кога за тоа имаше и многу подобри понуди и точна временска рамка. Сега, не верувам дека ќе ти дадат да решиш и за тоа кој ќе те наследи во партијата.

Петто, што е таа импресионираност со тајни служби, со тој свет на искршени огледала во чии парчиња гледаш само делчиња од реалноста? И тоа ли е семејна фрустрација? Или имаш потреба да ги држиш другите во страв, бегајќи од твојот? Да се ѕирка во туѓи животи, а тајните од својот (да, да, има уште неоткриени) да се кријат што подобро, користејќи ја службата? Во политиката, тајните служби мора да се дозираат со аптекарски лажички, а не со готварски кутлачи! Дијагноза: умртвени политички инстинкти, плус чорба во главата. Резултат: недоверба, страв, несигурност, погрешни проценки…

Шесто, во политиката, географијата е зададена, не е опционална – ако си опкружен со Запад, зошто намигнуваш на Исток? За инает или од глупост? Виде до кај те дотера?

Конечно, седмо, лоша среќа. Бидејќи , добрата ги следи храбрите…

А, кога добро ќе размислам, и Заев тотално ве надигра. „Црпката“ од Муртино. А и ние нешто помогнавме…

Туку, сега, што правиме? Да викнеме такси или има кој да те однесе?

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Никола Груевскипромашувања
Share267Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ