„Ниту некој граѓаните ги прашува а ниту граѓаните нешто прашуваат. Ова што сега се случува не се вика држава, според мене Македонија може да биде на рамниште на некоја земјоделска задруга или некое мало претпријатије, бидејќи нема никакви услови да биде држава. Почнувајќи од Претседателот и сите премиери се лопови, ние сме лоповски народ и држава…“, вели еден граѓанин на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – дали некој ги прашува граѓаните во донесување на одлуки на локално и национално ниво, кое е објавено на 21 март оваа година.
Ова видео достигна огромна видливост од 720 000 на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ каде што има и стотина коментари, а на Јутјуб каналот на ЦИВИЛ има речиси 22 илјади прегледи. Ќе објавиме само неколку коментари:
„Најискрен, најточен и најпаметен, уште би додала, сите што сакаат иднина нека куртулат од минатото, да ни живеат барем децата, а оние патриотите нека бранат име и презиме, нека копаат по Александар, Гоце Делчев, Тито… Јас дедо, не знам што и кој ми бил илјада години назад. Ајде патриоти гладувајте, но не и ние покрај вас, ние сакаме иднина доста ни е минатото“.
„А бе едно јавно ВЦ не направија 27 години на плоштад, а не политика ќе водат. Ќе дојде странец нема кај да уринира“, додава друг.
„Човекот е во право, една криминална влада излегува, друга влегува. Секој што работи во парламентот мора да му се направи сметка со колку пари влегува и со колку излегува и мора да имаат доказ како ги заработил ако има повеќе. Додека работи во влада да не смее да раководи со никаков бизнис“…
„Најзлатните зборови што сум ги слушнал до сега се на овој добар човек, свака му чест. Кај да и да го сретнам ќе го частам ручек. Во право е за сè, преку глава ни е на сите. Он 25 години живеел како мува без глава, сега не мора и нашите млади да изгубат 25 години како овој чичко“, пишува еден граѓанин.
Дехран Муратов