• Latest
Македонските национални телевизии

Сител имал најголеми приходи, Алфа била најпрофитна телевизија минатата година, МРТ останува проблем (инфографик)

September 28, 2020
Иранците го напуштаат Техеран по израелските  напади. Фото: Скриншот од видео на TOI

Страв ги обзема Иранците, голем број бегаат од Техеран додека конфликтот со Израел ескалира

June 15, 2025
Фото; Скриншот од видео на ВВС

Трамп ставил вето на израелскиот план за убиство на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи

June 15, 2025
Вицепремиерот Иван Стоиљковиќ во присуство на рускиот амбасадор Баздникин на 9 мај полага цвеќе со лента во боите на српското знаме. Фото: Фејсбук на Иван Стоиљковиќ

ДУИ: Стоилковиќ ја претстави Владата рамо до рамо со Русија, Кина и локалните инсталации од српскиот и рускиот свет, во одбрана на руската агресија врз Украина

June 15, 2025
Фото: Скриншот од фајсбук

(ВИДЕО) Масовните анти-Трамп протести „NO KINGS“ на социјалните мрежи

June 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на RFE/RL

Руските агресори однесоа 50 украински деца од окупираниот дел на Луганск во „рехабилитационен“ камп во далечната Калмикија

June 15, 2025
Фото: Nicolas_Sarkozy_(50263923671)]] wikimediacommons

На поранешниот француски претседател Саркози му е одземен орденот „Легија на честа“

June 15, 2025
Фото: Фромтлајн

Градоначалникот на Кочани вели дека премиерот не го прима на средба, а од централната власт досега не добиле ништо; Мицкоски смета дека граѓаните ќе го дадат својот суд на локалните избори

June 15, 2025

„Од нива до трпеза“ со премиерот Брајан Мицкоски

June 15, 2025
Made with AI support (ChatGPT & DALL·E by OpenAI), in collaboration with Civil Media.

Власта го помина Рубиконот

June 15, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски: Европа не одлучила што да прави ако САД се повлечат

June 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сител имал најголеми приходи, Алфа била најпрофитна телевизија минатата година, МРТ останува проблем (инфографик)

September 28, 2020 14:31
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Македонските национални телевизии
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупните приходи на македонските радио и телевизиски станици во 2019 година изнесувале околу 39,5 милиони евра, покажува Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2019 година. Од нив, најголем дел од приходите биле остварени од комерцијалните телевизии што емитуваат програма на национално ниво, како и од Македонската радио-телевизија како јавен радиодифузен сервис.

https://infogram.com/prihodi-na-nacionalnite-televizii-2020-1h0n25e7pgvz2pe?live

Приходите на МРТ лани биле заокружени на 15,1 милиони евра, односно за 2,24 отсто биле помали во однос на 2018 година. Од ААВМУ пресметале дека јавниот сервис минатата година добил околу 3,7 милиони евра помалку од законски утврдениот износ што требало државата да ѝ го префрли на МРТ во 2019 година, во согласност со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Агенцијата повеќе пати досега посочува дека сериозен проблем е тоа што истовремено не се обезбедија доволно средства од други извори, поточно од државниот буџет, за јавниот сервис да може во целост да ги исполни своите функции“, се нагласува во Анализата на ААВМУ.

Во објавената анализа се наведува дека МРТ го завршила работењето во 2019 година со загуба од над 8,5 милиони евра.

Понатаму се укажува дека загуба во финансиското работење оствариле и некои од комерцијалните телевизии. Меѓу петте терестријални телевизии што емитуваат на национално ниво, негативен финансиски резултат од околу 355.000 евра остварила телевизија Телма. Кај сателитските телевизии, 24 вести лани имала загуба во работењето од околу 138.000 евра, а Наша ТВ остварила негативен финансиски резултат помал од 2.000 евра.

Најголема загуба од своето работење лани остварила ТВ Компани 21-М, чиј негативен финансиски резултат изнесувал 515.000 евра. Во минус отишле и ТВ Сонце со речиси 250.000 евра, како и ТВ Клан со околу 187.000 евра.

И покрај ваквите загуби кај дел од телевизиите што емитуваат програма на национално ниво, најголемите телевизии не можат да се пожалат од остварените приходи во минатата година, но и од добивката со која се стекнале во нивното работење. Прв пат после три години, терестријалните телевизии на национално ниво ги зголемиле вкупните приходи за 5,32 отсто во однос на 2018 година.

Најголеми приходи во висина од 7,8 милиони евра лани остварила телевизија Сител, а по неа со 3,7 милиони евра остварени приходи се наоѓа Канал 5. На третата позиција е Алсат-М со приходи во износ од околу 2,6 милиони евра, со што овие три телевизии имаат главен удел во порастот на приходите на комерцијалните телевизии.

Наспроти ова, лани најголем профит меѓу националните телевизии во земјава остварила телевизија Алфа, со добивка од речиси 640.000 евра. Веднаш по неа, телевизија Сител остварила позитивен финансиски резултат од над 460.000 евра.

Во поглед на гледаноста на телевизиите, Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги посочува дека Сител била најгледана телевизија во 2019 година, со просечен дневен досег од 38,62 отсто и просечен неделен досег од 52,78 отсто. Веднаш по неа, следува телевизија Канал 5, по што следни на листата се Телма и Алсат-М. МРТ 1, Алфа и 24 Вести имале речиси идентично ниво на гледаност во 2019 година.

извор: МЕТА

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    492 shares
    Share 197 Tweet 123
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    220 shares
    Share 88 Tweet 55
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ