• Latest

СЕММ: Доследно почитување на Повелбата за етичко известување за изборите

November 21, 2016

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СЕММ: Доследно почитување на Повелбата за етичко известување за изборите

November 21, 2016 14:20
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот за етика во медиумите на Македонија бара професионална одговорност во новинарството и континуиран пристап на јавноста до релевантни и веродостојни информации

Очекуваме од медиумите да не поттикнуваат разлики и поделеност меѓу луѓето, туку да бидат посредник и платформа за активен дијалог, а во тоа да се предводат од принципите на професионално известување. Во овој контекст, повикуваме на доследно почитување на Повелбата за етичко известување за изборите, која ја потпишаа најголем дел од медиумите во државата уште во февруари годинава, но во пракса таа не беше доследно почитувана. Истото се нотираше и во овогодишниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, во кој, меѓу другото, силно се истакнува потребата од развивање култура на професионална етика во медиумите, се вели во апелот на Советот за етика во медиумите (СЕММ), кој повика на целосна, професионална одговорност во новинарството, на промовирање партиципаторен политички процес и на континуиран пристап на јавноста до релевантни и веродостојни информации.

14344814_1054387294679739_3740976717413632498_n

СЕММ бара доследно  почитување на принципите на Повелбата за етичко известување за изборите: вистинитост и објективност, избалансираност, јасна дистинкција меѓу информациите и коментарите, чесност и независност, професионална солидарност меѓу медиумите, уредувачка независност и професионален интегритет, почит и толерантност, слобода и одговорност.

„Медиумите не треба да дозволат да бидат манипулирани од страна на политичарите и другите актери во изборниот политички процес, бидејќи тоа значи директна штета врз јавноста и граѓаните на Република Македонија… Повеќе од кога и да е, постои потреба од урамнотежено и  коректно известување со цел на јавноста да и’ се овозможи да го разбере и да учествува во политичкиот процес“, се вели во апелот на СЕММ

И додека СЕММ апелира медиумите да не дозволат да бидат предмет на манипулација, викендов, порталите Плусинфо, Либертас, Нова ТВ, Фокус, сдк.мк, мкд.мк, неколку часови не функционираа, а не беше возможен ни пристап до електронските изданија на неколку дневни весници. Иако компанијата УНЕТ која ги хостира сајтовите официјално соопшти дека не се работи за хакерски напад, туку за технички проблем, остана дилема во јавноста. Наспроти официјалниот почеток на кампањата, сомнежи изразија и дел од вознемирените новинари и уредници на порталите, дека зад „техничкиот проблем“, се крие намерен хакерски напад.

Tags: Извештај на Европска комисијаповелба за етичко однесувањеСЕММУНЕТЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ