Поради пандемијата со Ковид-19, многу училишта во Северна Македонија наставните часови треба да ги одржуваат преку интернет. Како резултат на тоа, Министерството за образование и наука подготви платформа преку која е овозможено учење од далечина. Сепак, главниот проблем е тоа што нема секое дете пристап до лаптоп или интернет.
ЦИВИЛ Медиа одлучи да направи истражување за компјутерите што треба да ги имаат учениците, за да ја следат наставата на интернет без никакви пречки.
Го контактиравме ИТ-експертот, Филип Петровски, за да откриеме какви перформанси треба да има компјутерот за да работи непречено програмата на националната онлајн платформа, која треба да ја користат учениците. Според него, лаптопот, на пример, покрај другите основни перформанси, ќе треба да има најмалку 4 GB рам за да ги исполни минималните потреби за оваа програма.
Со оваа информација, побаравме на интернет за да ги видиме цените на лаптопите со овие перформанси. Избравме четири од најголемите компании за електроника во земјата: Техномаркет, Нептун, Анхоч и Сетек.
Во сите овие продавници, цената за лаптоп со 4 GB рам, како минимална јачина за да може да се следи онлајн настава, се движи од 15.000 до нешто повеќе од 20.000 денари. Но, проблемот е што компјутерите во овој опсег на цени не можеа да се најдат. Сите беа продадени. Лаптопите што беа достапни за купување беа оние со многу подобри перформанси. И, секако, тие се и со многу повисока цена.
Имајќи го предвид ова, решивме да одиме низ продавници и да видиме каква е состојбата со лаптопи. Анхоч имаше најниска цена на лаптоп достапен во нивната продавница, почнувајќи од 28.980 денари. Ни понудија и опција за купување таблет, кој чини 19,480, но не беа во можност да ни кажат кога би бил достапен. Потоа, oтидовме во Сетек, каде што лаптопите што беа на располагање чинеа 32.000 денари или повеќе. Ја завршивме потрагата со посета на Техномаркет и Нептун, каде што единствени лаптопи што ги имаа на располагање во нивните продавници чинеа 40.000 денари и повеќе. Знаеме дека овие цени за мнозинството граѓани се недостижни.
Предавањата може да се следат и преку таблет. Прашавме и за нив. Тоа што го откривме е дека дека цената на таблетот со истите потребни перформанси ја достигнува цената на лаптопите, кој го немаше на залиха. Така што, разбирливо е зошто родителите би се двоумеле дали да купат таблет а не лаптоп, кој и онака не е достапен. Како и да е, само две од четирите продавници имаа таблети во залиха со 4 GB RAM. Се чини дека и тие наскоро ќе се распродадат.
На прашање кога ќе пристигнат новите компјутери, одговорот што речиси секогаш го добивавме беше ист: „Не знаеме, можеби после 15-ти октомври“.
Со веќе започнатата учебна година, учениците кои имаат потреба од компјутер, се оставени во крајно неизвесна ситуација, имајќи само две опции: да купат компјутер со висока цена со многу повисоки перформанси од потребното, да бараат друго решение (купување користени компјутери, позајмување и сл.) или, едноставно, да ја пропуштат наставата сè додека бидат во состојба да купат нов лаптоп со цена која можат да си ја дозволат.
Јон Ајдини