Oд таборот на Неџмедин Кахремани соопштија дека конгресот на Движењето Беса го закажаа за 18 февруари во Домот на културата во Тетово. Веднаш потоа се огласија и подржувачите на Билал Касами кои информираат дека првиот партиски конгрес на Беса ќе се одржи на 24 февруари во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.
„Денес уште еднаш ја потврдуваме офицјиалната одлука на Движењето Беса дека првиот конгрес на партијата ќе се одржи на 24 февруари во „Холидеј ин“ во Скопје. Одлуката ја донесовме заеднички, вклучувајќи ја и таа мала група на незадоволни кои денес зачудувачки излегуваат со гласини за манипулирање на јавноста за некоја друга дата. Ова уште еднаш докажува дека таа мала група се научени да не почитуваат одлуки на органите и статутот на партијата“, велат од крилото на Касами.
Од таму повторија дека на таборот на Каремани му поскуваат успех во формирање на нова партија, но апелираат да не манипулираат со членовите и симпатизерите на Движењето Беса. Тетовско крило на Касами конгресот ќе го одржи во Скопје, додека скопското крило на Каремани конгресот ќе го прави во Тетово. До одржување на конгресот не се знае дали ќе има и трет термин за конгрес?
Д.М.