Состојбата со загадениот воздух во Град Скопје е алармантна, а локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска, не прави ништо за да се заштити здравјето на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.
„Додека се занимаваат со тендери, бизнис влијанија и провизии, заборавија што им ветија на граѓаните пред една година и значително ги намалија средствата за животна средина во градскиот буџет.
-Ги скастрија и субвенциите на набавка на инвертори за физички лица.
-Јавниот превоз не функционира, нема ни трага од помпезно најавените 100 електрични автобуси.
-Нема ниту еден од петте најавувани мега паркови.
-Постојано никнуваат диви депонии, а старите не се чистат.
-Поради неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска, Скопје деновиве е меѓу најзагадените градови на светот, а Скопјани дишат воздух штетен по здравјето“, наведуваат од партијата.