• Latest

Скопјани „извозени“, излажани и разочарани

November 28, 2022
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Скопјани „извозени“, излажани и разочарани

November 28, 2022 15:44
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје, 21 октомври, 2021 година. Кандидатката за градоначалник Данела Арсовска влегува во градски автобус за лично да го искуси возењето низ главниот град. Позира пред камерите и фоторепортерите. Вели дека возењето е непријатно особено кога станува збор за дупките на улиците и шахтите низ централното градско подрачје. И додава дека таа ќе набави 250 нови еко-автобуси и тоа во првите 82 дена градоначалнички мандат.

„Од тука ќе започнат промените во јавниот градски превоз. Неопходно е Скопје да добие нови еко автобуси и бесплатен јавен превоз. Тоа е најбрзото и најсигурното решение за јавниот превоз во Скопје за разлика од Бас Рапид Транзит проектот што ќе значи дополнителни инфраструктурни проекти  а реализацијата ќе трае со години“, изјави тогаш кандидатката за скопски градоначалник Данела Арсовска. „Со проектот за еко-автобуси целосно ќе се реши проблемот со градскиот превоз а во исто време ќе се направи ред за возење каде што интервалите на доаѓање на автобусите ќе се скуси за да биде превозот побрз и почест“, ветуваше таа. Арсовска посочи и дека за овие решенија не се потребни месеци ниту години туку се решаваат веднаш.

Скопје, 28 ноември, 2022 година. Вообичаениот сообраќаен метеж на почетокот на секоја работна седмица денес беше дополнет и со блокирање на раскрсницата крај трговскиот комплекс „Мавровка“ кон булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“. Приватните превозници организирани преку „Слобода Превоз“ кои досега беа дел од градскиот превоз во Скопје, одбиваат да возат и паркираа 30 автобуси со цел да го попречат сообраќајот. Официјалната причина за тоа е што наводно немаат нафта да стават во автобусите, бидејќи Градот Скопје им должи 1,5 милион евра кои не сака да им ги даде. Градоначалничката Арсовска пак тврди дека продавале билети а парите си ги ставале в џеб, а потоа секој месец му фактурирале на Јавното сообраќајни претпријатие по 400 илјади евра за секој извозен километар. Вели дека затајувале данок и дека така работеле во изминатите пет години.

Скопјани се „извозени“, излажани и разочарани.

Денешната ситуација е кулминација на повеќемесечните тензии меѓу градот и јавниот превоз. Поради долг кој не можеше да го наплати од ЈСП престанаа да сообраќаат и автобусите на вториот приватен автопревозник „Мак експрес“, па овие линии во меѓувреме беа заменети со автобусите на ЈСП. Пред неколку недели изби штрајк и во ЈСП поради неисплатена плата за еден месец, кој беше прекинат откако возачите и персоналот добија плата. Тогаш Арсовска рече дека штрајкот е политички мотивиран и е одмазда на ВМРО – ДПМНЕ против неа бидејќи им го сврте грбот.

Во центарот, пак, на денешните случувањата меѓу приватните автобуски превозници и градоначалничката на Скопје е Ленин Јовановски, директор на „Слобода Превоз“ и отворен поддржувач на рускиот претседател Путин за кого во март, неколку дена по воениот напад на Украина рече дека тој не бил воен злосторник туку само му помага на својот народ во Донбас „каде што се случува фашизам“.

Јовановски на обвинувањата дека затајувале данок и одговори на градоначалничката со видео во кое прикажува како влегува во градски автобус и на возачот му плаќа билет, но и покрај инсистирањето да добие фискална сметка, не ја добива бидејќи автобус нема соодветен апарат за издавање на таква потврда.

Потенцирањето на руските преференци на Јовановски не е со цел негово дискредитирање туку да се истакне фактот за сложениот политички амбиент кој го емитува македонската метропола и кој може да доведе до натамошна ескалација, во чија заднина е судирот на интереси меѓу политичките партии и бездруго нервозната градоначалничка Арсовска како централна фигура во овој изострен конфликт.

Ленин Јовановски беше еден од најголемите поддржувачи на Данела Арсовска во трката за градоначалник, близок е до ВМРО-ДПМНЕ, а беше и до неа.

„Овде сме собрани ние приватните превозници, ја блокиравме раскрсницата ‘Мавровка’ како последица од долгот што ЈСП не ни го плаќа и со тоа не доведе во состојба да не можеме да однесеме храна дома на семејствата. Градоначалничката на Скопје е исто така многу заслужна за оваа состојба. Особено со нејзините небулозни, лажни и тенденциозни изјави дека издаваме билети без фискална карта и дека затајуваме ДДВ“, изјави Јовановски на денешната блокада.

Приватните превозници во јавниот градски превоз учествуваат со над 200 автобуси, бројка која може да доведе до целосен колапс на градскиот превоз, што е секако вовед во парализирање на градот на комунален, економски и политички план, и порака дека државната метропола се наоѓа на периферијата на остварувањето на политичките ветувања.

Но ако Скопје не доби еко-автобуси и поефикасен градски превоз, сосема сигурно доби нови згради кои во последната деценија никнуваат на секој чекор, особено во централното градско подрачје, ставајќи ги жителите во подредена положба на инвеститорите кои освен плацевите за градење, ги окупираат и пешачките патеки со градежен материјал и опрема, а неретко и половина од улицата за движење. Пропаднатите тротоари, сообраќајната гужва, нечистите улици, чекањето на шалтери наместо ветената дигитализација, трките на моторџиите во летниот период, а загадувањето во зимскиот – се секојдневие за кое веќе не вреди ни да ги прозиваме градоначалниците. И сегашниот и сите претходни кои ја извршуваа оваа важна функција.

Подготви: Соња Крамарска/новатв.мк

Tags: Град СкопјеДанела АрсовскаЈСППриватни автобуси
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ