Денеска Скопје се сеќава на катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963 година. Фотографија од акцијата за спасување на преживеаните (интернет архиви).
Од урнатините што го сменија ликот на Скопје, од стравот, тагата и очајот во очите на неговите жители, се роди солидарноста. Денес, Скопје со сиот кич, барок и стиропор може само да се сеќава што значеше да се биде „Град на солидарноста“.