• Latest

Скопје, Белград и Тирана ја повикаа Приштина да се приклучи на регионална соработка од Берлинскиот процес

October 31, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Скопје, Белград и Тирана ја повикаа Приштина да се приклучи на регионална соработка од Берлинскиот процес

October 31, 2020 08:58
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев вчера одржа состанок преку видео конференциска врска со неговиот албански колега Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на кој е реафирмирана иницијативата за подобрување на напредната регионална соработка во рамки на Берлиснкиот пероцес, започната минатата година.

Кабинетот на Вучиќ соопшти дека на средбата е констатирано оти иницијативата е целосно во согласност со Берлинскиот процес и дека претставува добра основа за претстојниот Самит на лидери на Западен Балкан, што ќе се одржи во Софија, јавува МИА.

Активностите на иницијативата за подобрување на регионалната соработка беа одложени заради пандемијата КОВИД-19, како и заради изборите одржани во Северна Македонија и Србија.

– Тројцата лидери се согласија дека кризата дополнително ја истакна потребата од интензивирање на соработката и регионалната економска интеграција, потенцирајќи дека е исклучително важно за западнобалканската шесторка дополнително да се вклучи во подобрувањето на регионалната соработка и затоа ја повикаа Приштина да се приклучи на иницијативата, се наведува во соопштението.

Поканата уследи по воспоставувањето на рамката дефинирана во Вашингтон во септември оваа година помеѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти.

– Претседателот Вучиќ и премиерите Рама и Заев, се согласија да формираат постојана работна група што ќе вклучува официјални претставници на владите на секоја од земјите учеснички, со цел да се забрза процесот на потпишување и спроведување на договорените активности во рамките на иницијативата за подобрување на регионалната соработка, се додава во соопштението.

Учесниците на состанокот се согласиле дека оваа иницијатива може да се искористи и за идентификување на заеднички инфраструктурни проекти насочени кон развој на регионот, во согласност со Економско-инвестицискиот пакет на ЕУ за земјите од Западен Балкан.

Тројцата лидери изразиле надеж дека и владите на Црна Гора и Босна и Херцеговина наскоро ќе можат да се приклучат на оваа иницијатива, со што ќе се постигне подобра економска соработка меѓу сите земји во регионот, што ќе резултира со зголемување на слободите, трговската размена и подобрување на животниот стандард за сите луѓе регионот.

Српскиот министер за финансии Синиша Мали, кој со Вучиќ учествуваше на трилатералниот состанок со премиерите Заев и Рама, изјави дека одлуките донесени денеска се многу важни за сите земји во регионот, со порака дека иницијативата за напредната регионална соработка во рамки на Берлинскиот процес е иднината на регионот и дава основа за економски развој на регионот и секоја земја одделно.

Тој посочи дека е договорено потпишување на Договор за подобрување на царинската политика за поедноставување на царинските постапки, со што камионите непречено ќе ги преминуваат границите, без да чекаат неколку часа. – Сето ова ќе придонесе за развој на економијата на целиот регион и директно за развој и раст на животниот стандард на сите граѓани во регионот, изјави Мали.

– Ова се важни договори. Замислете како ќе изгледа овој регион кога ќе ја преминете границата само со лична карта и ќе стигнете до Албанија, Северна Македонија или некоја друга земја што наскоро ќе се приклучи на оваа иницијатива, изјави Мали.

Тој нагласи дека во рамки на оваа иницијатива ќе се направи список на заеднички инфраструктурни проекти кои понатаму треба да придонесат за подобрување на квалитетот на инфраструктурата и економскиот развој на регионот.

Мали потсети дека на 10 ноември се очекува потпишување на договорите и дека сликата ќе биде сосема поинаква на 11 ноември, кога ќе започне реализацијата на договореното, нагласувајќи дека напредната регионална соработка во рамки на Берлинскиот процес претставува иднина за Западниот Балкан и основа за економски развој на целиот регион и на секоја земја одделно.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ