• Latest
Зоран Иванов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Скопје – Софија виа Вашингтон

June 18, 2021
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Скопје – Софија виа Вашингтон

Се чини дека и за Скопје и за Софија, „белиот“ пат за Брисел води преку „црната“ листа на Вашингтон. На релација Софија - Скопје - Брисел, претстои интензивно дипломатско лето и динамична легислативна есен. Но, засега останува отворено дали медијаторите ќе останат зад завесите на мистичната тајна дипломатија, или пак некои европски дипломатски мултикултиватори и по некој американски дипломатски булдожер, сепак ќе ги видиме на јавната дипломатска сцена.

June 18, 2021 14:24
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Зоран Иванов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Зоран Иванов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Никако да ни тргне. До нас е, до соседите или до судбината. Галиба e до сè по малку. Еве, како и многу месеци порано, така и штотуку изминатиов период, пак беше во знакот на македонските напори конечно да почнат преговорите за членство во ЕУ. Конечно да се одржи и фамозната меѓувладина конференција со Унијата како инпут и како импулс да го забрзаме нашиот од кон европските вредности. Па, какви се изгледите наспроти тврдокорниот бугарски став сè уште забетониран во тамошното собрание, без оглед на исклучително позитивниот дочек за нашата висока делегација од бугарскиот државен и политички естаблишмент?

Во многу наврати е веќе потврдено дека покрај инаетливите балкански политики, без надворешна, без посветена меѓународна медијација, ќе нема ништо. И, ете, токму во периодов, често неефективната, пресложена и повеќеслојна европска дипломатија, по  прашањето на македонската евроинтеграција, се соочи со тврдата американска дипломатија која, по трамповската индолентност кон ЕУ, пак стапна на балканската сцена. Онака тврдо, по американски. Прво удри со црната листа за бугарски политичари и бизнисмени, па со предупредувањето дека и кај нас треба да стивнат манипулациите за наводна невалидност на меѓународните договори, посебно за рамковниот и преспанскиот. И толку, Америка нема време за ситни балкански зезанции и за нерешителната историски, идеолошки, економски и културолошки толку хетерогената Европа.

Секако од „агресивната“ американска дипломатија, сега посветена во делот и за актуелните македонски  ЕУ интеграциски состојби, ќе има корист и самата Бугарија која толку заглави во сопствените исполитизирани историски романтизми од кои и самата таа не знае како да излезе. Ова дури и покрај фактот што одделни политички сигнали оттаму упатуваат дека Бугарија ќе сака Република Северна Македонија сепак годинава да ги отпочне преговорите со Унијата. Оттука, американската интервенција дури им станува и добредојдена за да ја извлече бугарската дипломатија од стапицата во која самата се заплетка со тамошната собраниска антимакедонска декларација. Значи, горе-долу, и двете страни би имале корист од меѓународното посредништво во кое, кај и да е, поинтензивно, токму поради американската иницијатива, ќе мора многу поактивно да се вклучи и обединета Европа.

Секако, не може преоптимистички да се очекува дека почнатиот процес ќе се движи баш праволиниски. Прво, целата бугарска политичка актива е обременета со „македонското“ прашање. Згора, за бугарската политика сè уште непремостлив товар е и бугарската историска наука. Со идентична тежина врз своите плеќи, со децении е „воспитувано“ и целото бугарско општество. Фрустрациите од минатото поради некои територијално национални нереализирани соништа, таму е објективна ментална пречка, прво, бугарското општество доминантно да се европеизира и, второ, тие и таквите и соништа и сеништа од веќе и за ЕУ дамнешни времиња, конечно да ги смести во една современа европска историска димензија.

Се разбира, ниту пак ние овде сме нешто многу посаглам. Сепак, за разлика од таму, македонските транзициски премрежија, токму и поради меѓународните посредувања во внатрешните етно конфликти и во надворешните блокади, за наша и за европска среќа, имаа нешто поинаква траекторија. Од распадот на матичната држава, преку социјалните трауми со приватизацијата и националистичките пројави, па сè до меѓуетничките инциденти и воени конфликти, преку епилогот со Рамковниот, а потоа и со Преспанскиот, земјава побргу ги разбра и ги прифати современите европски демократски толкувања.

Напати по многу висока цена, па сепак, за кратко време, посебно и преку перманентните уставни адаптации во насока на хармонизација на меѓуетничките односи во државата, преку договорите со соседите како матрица за соработка во помирни околности, растоварени од премногуте и историски и големо романтичарски амбиции, нашата држава успеа, и одвнатре и кон надвор, да се адаптира на сопствените потреби и на сопствените реални можности.

Овие тридецениски внатрешно македонски збиднувања, практично забрзано го  „истренираа“ македонското општество во насока за која сега генерално би можеле да заклучиме дека Република Северна Македонија им припаѓа на сите нејзини граѓани подеднакво, дека државата нема еден етно стопан, дека е на сите подеднакво и дека и преку извесниот проект „Едно општество за сите“, македонските перспективи се во обединета Европа.

Од друга страна, бугарската идеолошка и економска транзиција минуваше по други патишта. Бугарските политички елити беа и сè уште се доминантно „подјармени“ од сопствената историска наука. А таа, колку и да е и објективна и вистинита, и натаму, непримерно за обединета Европа, на која и формално ѝ припаѓа, а несвојствено за европските современи историски доктрини, сè уште упорно и доминантно го негува исклучиво сопствениот национален етноцентризам од кој никако да се ослободи и актуелната бугарска политика.

Таквите бремиња од минатото што како политичка агенда и ден денес си ги наметнува самата Бугарија, сè повеќе токму неа ѝ натежнуваат. Посебно поради фактот што е рамноправна членка на европското друштво. Затоа, колку и да посакува повремено и колку и да согледува дека нејзините ововременски експанзионистички хирови не се адекватни за ова европско време и дека и во „двата“ Брисела, и во ЕУ и во НАТО, се помалку ѝ ги разбираат нејзините постапки, таа е во сопствената пат позиција од која не е во состојба елегантно самата да се извлече. Оттука, и за неа се добредојдени и европските и посебно американските посреднички „притисоци“.

На Европа ѝ е јасно дека национализмот што одвреме-навреме пробликнува на Балканот, не е во корист и на нејзината стабилност. И дека и бугарското однесување од внатре, од зад портите на Унијата, исто така, не е дел од актуелната европска доктрина и дека и на бугарската и на македонската страна им е потребна дипломатска посредничка помош за компромис во насока на добрососедска соработка во која и кај двете страни ќе бидат анулирани непродуктивните историско емотивни пориви.

Како и да е, под притисок на Унијата и еве посебно можеби и на американските „црни“ листи кои почнаа да вознемируваат и во Софија и во Скопје, процесот на бугарско-македонската ЕУ кооперација е почнат. Бугарскиот претседател, тврдиот „антимакедонец“ Радев и неговата привремена влада, сепак ќе бидат внимателни. Малку ќе поткочуваат за онака „патриотски“ да ги дочекаат прво нивните парламентарни во јули, па потоа и претседателските на есен.

Актуелниот бугарски претседател сега не би се осмелил толку да рескира со иритирање на гласачкото тело од кое очекува втор мандат и дотогаш, без оглед на надворешните притисоци, ќе стори сè за сè да подреди на таа негова амбиција. Во меѓувреме, европската и американската дипломатија веќе се ставени во погон за изнаоѓање оптимална „формула“ според која до крајот на оваа година сепак конечно би се одржала меѓувладината конференција со која и официјално би бил означен почетокот на македонските пристапни преговори со ЕУ. Притоа, и Бугарија секако, без многу тамошни внатрешно политички потреси, да ги пречека своите и парламентарни и претседателски избори.

На релација Софија – Скопје – Брисел, претстои интензивно дипломатско лето и динамична легислативна есен. Но, засега останува отворено дали медијаторите ќе останат зад завесите на мистичната тајна дипломатија, или пак некои европски дипломатски мултикултиватори и по некој американски дипломатски булдожер, сепак ќе ги видиме на  јавната дипломатска сцена.

Што се однесува до бугарската страна, таа сè уште останува на ставот дека патот на Скопје за Брисел води преку Софија.

Па сепак, се чини дека и за Скопје и за Софија, „белиот“ пат за Брисел води преку „црната“ листа на Вашингтон.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ