• Latest

Скопскиот аеродром петти пат добитник на Наградата за квалитет на услуги

March 9, 2020
Фото: Скриншот од видео на 
CNN-News18

Израел дозволи влез на помош во Газа по 11-неделната блокада, ОН го нарече тоа „капка во океанот“

May 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на Hindustan Times

По разговорот со Трамп, Путин сè уште одбива целосно примирје, повторно ги наведува руските „коренити причини“ за војната во Украина

May 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на Hindustan Times

Русија и Украина веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот, објави Трамп по двочасовниот разговор со Путин

May 19, 2025

24 ЧАСА: Уставен остана без судија; Љубчо Георгиевски за општеството на српска страна за геноцидот во Сребреница; Антимигрантска параноја; Романија избра проевропски претседател

May 19, 2025
Фото: ЦивилМедиа

Конференцијата „Сребреница – совеста на светот“, на 30 годишнината од геноцидот во Сребреница – демократски одговор на антицивилизациското негирање на геноцидот

May 19, 2025

Оливие Ведрин: Престанете да ѝ помагате на Украина да преживее, помогнете ѝ на Украина да победи

May 19, 2025
Фото: Фејсбук страна Meanwhile in Ukraine

Боно, Еџ и Шон Пен се појавија на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал со украински војници

May 19, 2025
Фото: Х на Володимир Зеленски

Зеленски му подари на папата Лав XIV икона насликана на фрагмент од сандак за муниција донесена од Изјум

May 19, 2025

Од локални решенија до регионално влијание: Недела на циркуларна економија 2025

May 19, 2025

Каде затајува системот: Кој ги штити девојчињата од сексуални предатори?

May 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Скопскиот аеродром петти пат добитник на Наградата за квалитет на услуги

March 9, 2020 13:53
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ) објави дека Меѓународниот аеродром „Скопје“ е добитник на Наградата за квалитет на аеродромските услуги (Еј-Ес-Кју) за 2019 година, рангирајќи го како еден од најдобрите аеродроми во Европа според искуството на патниците, во категоријата „аеродроми со број на патници од две до пет милиони годишно“.

Ова е петти пат како Меѓународниот аеродром „Скопје“ е добитник на наградата за квалитет на аеродромски услуги. Претходните награди од АЦИ, беа добиени за 2012, 2013, 2015 и 2018.

АЦИ ги објави добитниците на светски реномираната награда од Програмата за квалитет на аеродромски услуги денеска во своето седиште во канадскиот град Монтреал. Програмата за квалитет на аеродромските услуги на АЦИ ги препознава аеродромите низ светот што обезбедуваат најдобро искуство за патниците, според нивното мислење.

– Наградата Еј-Ес-Кју е глобален репер за совршеност на аеродромите. Со надминувањето на бројката од два милиона патници во една година во 2018 година, почнувајќи од 2019 година, Скопскиот аеродром се натпреварува во друга категорија според големината, односно во категоријата од два милиони до пет милиони патници. Ова автоматски значи и посилна конкуренција, но и покрај тоа, сепак ја освоивме наградата, што го докажува високото ниво на задоволство на нашите патници. Би сакал да им се заблагодарам на нашите вработени за нивниот труд, на нашите сестрински компании БТА (храна и пијалаци), АТУ (безцаринска продавница), ТАВ МОС (PrimeClass & Комерцијални услуги), ТАВ Технолоџис (ИТ услуги) и Еуроклин (услуги за одржување хигиена), како и на Полицијата и Царинската управа, како државни органи, присутни на аеродромот со нивните услуги, вели во пишана изјава Алпер Ерсој, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Програмата за квалитет на аеродромски услуги на Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ) е водечка програма на глобално ниво за квалитет на аеродромските услуги за патници и референтна точка, што го мери нивното задоволство низ 37 клучни индикатори за успешност. Програмата се спроведува од страна на Еј-Ес-Кју-сертифицирани агенти за спроведување анкети, додека патниците се на аеродромот, преку прашалници на АЦИ за квалитетот на аеродромските услуги.

Аеродромите добитници на Еј-Ес-Кју наградата за 2019 ќе добијат плакети од страна на АЦИ на церемонија по повод доделување на наградите за квалитет на аеродромските услуги, што ќе се одржи за време на Глобалниот самит за искуство на клиентите на АЦИ во полскиот град Краков во септември 2020 година.

Минатата година на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид беа превезени 2,7 милиони патници, што е пораст од 14 проценти на годишно ниво, а во јануари годинава 184 илјади патници или за 15 проценти повеќе на годишно ниво.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ