• Latest

Секуловски: Граѓанското новинарство е битна компонента во развојот на демократијата

November 3, 2017
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025

Од бугарски ‘куфери со пари’ до УСБ стик – нови лаги на ВМРО-ДПМНЕ за Заев

October 7, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет (9 октомври, ден 2, целосна програма)

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Partizán

Полска и Литванија го отфрлаат тврдењето на Меркел дека ја поткопале политиката на ЕУ кон Русија, го критикуваат нејзиното зближување со Путин

October 7, 2025
Фото: ССМ

ССМ: Нема достоинствена работа без достоинствени плати

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Секуловски: Граѓанското новинарство е битна компонента во развојот на демократијата

November 3, 2017 15:57
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На чекор до промените во медиумската сфера и излегувањето од долгогодишниот медиумски мрак, Драган Секуловски, извршен директор на Здружение на новинари на Македонија, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, изрази надеж дека безбедноста на новинарите ќе се подобри. Со Секуловски освен за медиумската слобода и за слободата на изразување и активизмот, разговаравме и за улогата на ЗНМ во општествено-политичките процеси.

ЦИВИЛ Медиа: Што подразбирате под слобода на изразувањето, медиумските слободи и активизам?

Секуловски: Слободата на изразување, во Македонија, е условна категорија. Тоа значи дека нашиот Устав, гарантира одредено право на сите граѓанки и граѓани во нашата држава, а тоа е слободно да се изразуваат и тој член 16 од нашиот Устав исто така говори дека цензурата е забранета. Освен тоа во регионален контекст и на ниво на континент, слободата на изразување е едно од фундаменталните права што се однесуваат на сите луѓе. Тоа е исто така предвидено во член 10 од европската конвенција за човекови права. Во еден поширок контекст тоа значи дека секој има право да си ја каже својата мисла гласно без притоа да биде цензуриран и без притоа да му се ограничи тоа право.

Нормално, во секоја држава, говорам во рамки на Европа, има и одредени основи кадешто се ограничува ова право, меѓутоа тоа може да биде оправдано се додека тоа е предвидено во закон и се додека законот се имплементира соодветно на праксата на Судот за човекови права во Стразбур.

Во рамки на слободата на изразување, активизмот е многу битна компонента. Тука јас лично правам разлика меѓу неколку типови на новинари и медиумски работници. Следејќи ги трендовите од Америка, кај нас во Европа, во последните години се повеќе станува чест оној феномен или пак начин на делување од страна на новинарите да бидат и граѓански активисти. Тоа значи дека самата професија добива малку поширок круг, кадешто дури и обичните граѓани коишто не се бават активно со новинарство имаат можност, имаат удел, а некои од нив тоа го прават активно, да шират информации во јавноста и на тој начин да ја известуваат јавноста за теми или за предмети што се од јавен интерес.

Во таа насока сметам дека активистите односно граѓаните што се бават со граѓанско новинарство се една особено важна компонента во развојот на демократијата, особено во земји како што е Македонија, со, за жал, понизок степен на демократски развој, бидејќи на тој начин имаат поголема слобода. Значи не зависат од уредувачка политика и тие самите можат да си го креираат својот став, својата мисла и притоа јавно да ја кажат.

ЦИВИЛ Медиа: На кој начин ги поддржувате или можете да ги поддржите потребите за слобода на изразување, медиумска слобода и активизмот?

Секуловски: Познато е дека новинарската професија е слободна професија. Што значи тоа? За разлика од лекарите, нотарите, извршителите, не постојат коморски организации, ниту пак постојат одредени лиценци за новинари. Тоа е погрешно разбирање затоа што новинарската професија во едно демократско општество мора да остане слободна. Земајќи го тоа предвид, Здружението на новинари на Македонија, Синдикатот на новинари и медиумски работници се единствените, би рекол, професионални членски организации каде што новинарите и медиумските работници можат да се здружат и да се солидаризираат. Земајќи го тоа предвид, повторно, ЗНМ како една од најстарите организации во Република Македонија, основана во далечната 1946 година, има неколку столбови на кои ги темели своите активности, а во насока кон помош на нашите најбитни конституенти, а тоа се новинарите. Тука би рекол дека тоа што го правиме во последните седум години активно е овозможување на безбедна средина за работа на новинарите. Затоа што, знаете како, можете да имате идеални услови за работа во вашата канцеларија или пак, да имате добри, социјални и економски околности, но се додека новинарот не се чувствува безбеден кога ќе излезе на улица да известува за одреден настан тогаш за жал не можеме да кажеме дека сме ја исполниле нашата мисија до крај.

Во моментов во Македонија би рекол дека има една негативна пракса на неказнивост кога станува збор за напади на новинари. ЗНМ води регистар, во последните пет години, според кој регистар, за жал, имаме над 50 случаи на напади на новинари. Тоа се пред се физички напади. До сега многу мал дел од тие напади се истражени и ниту еден не е донесен пред судска разрешница. Во таа насока, се трудиме да лобираме за промена на законската регулатива, меѓутоа и на судската пракса и на праксата на самото обвинителство, со цел, кога работи новинарот да биде безбеден и слободно да ја обавува својата работа. Во оваа насока, нудиме бесплатна правна помош, како здружение, за секој наш член којшто е загрозен и притоа се обидуваме преку разни активности да ги едуцираме, не само новинарите, туку и адвокатите и судиите и обвинителите но и генералната јавност кои се правата на новинарите и како тие треба да бидат заштитени.

ЦИВИЛ Медиа: Дали се соочувате со притисоци од страна на политичките и бизнис центрите на моќта и како се справувате со нив?

Секуловски: Пред да одговорам на прашањето дали се соочуваме со притисоци би сакал да кажам дека во последните неколку месеци, отприлика половина година, познато е дека политичкиот контекст е сменет. Во последните месеци немаме некои регистрирани притисоци директно упатени кон нас, освен ако не се земат предвид оние ad-hominem напади од одредени интернет медиуми, и некои традиционални медиуми што се бават со неиздржана критика кон наши членови, пред се на претседателот, на членови на управен одбор, на канцеларијата. Но, споредбено со ланските години каде што притисокот беше на едно друго ниво, кадешто се користеа инструменти на едно друго ниво, во овој период, искрено би кажал, дека самиот притисок е намален. Во самото минато сме имале ситуации кога сме биле тужени од страна на државата за одредени активности за коишто потоа сме докажале дека сме биле ослободени. Значи тоа било некоја форма на притисок. Сме имале инспекции внатре во нашата канцеларија, кадешто било побарано од страна на извршната власт да направат увид во листата на членови коишто ги имаме и освен тоа бележиме и неколку напади од страна на тогашната владејачка партија преку медиумите, меѓутоа и од страна на друга политичка партија која беше во коалиција со оваа власт и со претходната кон нашиот претседател Селмани.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите препораки, како да се одбранат слободата на изразувањето, медиумските слободи и активизмот?

Секуловски: Јас имам личен став којшто можеби е малку преамбициозен во однос на ова прашање. Се додека нивото на солидарност меѓу новинарите и медиумските работници е ниско и се додека тие самите не се организираат со цел самите да се одбранат никој друг нема да им помогне. Зошто? Бидејќи позициите на новинарите и на медиумските работници се секогаш на спротивна страна од страната на извршната, законодавната и судската власт и затоа сметам дека со цел да тие имаат помош треба пред се самите да искажат дека се солидарни меѓусебе да се вложува во здружението и во синдикатот во смисла на нивна активност, а се со цел кога ќе има некој проблем да можеме да им искочиме во пресрет.

Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: @активизамграѓанско новинарстводемократијаДраган СекуловскиЗНМмедиумска слободаслобода на изразување
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ