• Latest
Креирано со помош на ВИ

Славење на руските „успеси“ во македонските и регионалните медиуми

October 17, 2025

На осмите локални избори што ќе се одржат утре, ќе се избираат градоначалници и советници во 80 општини и Скопје

October 18, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Да гласаме достоинствено, со мир и одговорност

October 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Трамп и Зеленски по средбата во Белата куќа: Украински дронови за амаерикански „томахавк“

October 17, 2025
Фото: Скриншот CNBC

Трамп и Зеленски во Белата куќа: Будимпешта во фокусот, мирот во Украина на маса

October 17, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

„Америка на прво место“ станува „Трамп на прво место“ – кога претседателот сака глобална моќ

October 17, 2025

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 17, 2025
Фото: Собрание

Гаши на средба до набљудувачите од ЕП: Уверен сум дека изборите ќе покажат демократска зрелост на земјата

October 17, 2025

Одобрен обвинителниот акт против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

October 17, 2025

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден

October 17, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

October 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Славење на руските „успеси“ во македонските и регионалните медиуми

October 17, 2025 13:54
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗБОРИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Креирано со помош на ВИ

Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Руските пропагандни наративи се во експанзија во регионалните и македонските медиуми, што во контекст на Северна Македонија, случајно или не, се совпаѓа со капањата и гласањето на локалните избори, забележува тимот на тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани, (ЦХТМ).

Како што повеќе пати претходно објави ЦИВИЛ Медиа, повторно, одредени медиуми во Северна Македонија ги објавуваат (дез)информациите на руската државна агенција РИА Новости со наслови кои го слават наводното руското „грандиозно воено достигнување“како: (ВИДЕО) Русија: Нападнавме украински аеродром каде што беа авионите на НАТО, некои и без да го наведат изворот известуваат дека Руската војска нападна воен аеродром на кој имало авиони на НАТО, во кои се пренесува објавата на руската државна новинска агенција, која за наводните руски воени „успеси“ се повикува на изјава на извесен координатор на проруското „Николаевско подземје“, Сергеј Лебедев.

Веста пренесена од РИА Новости не е потврдена од официјални лица на Украина и НАТО, со оглед дека се споменува присуство и уништување на авиони на НАТО на аеродромот во Кривиј Рих, ако се земе предвид дека до сега нема сознанија за стационорани авиони на НАТО на украинска територија.

Напротив, според украински извори, вклучително и министерството за енергетика, во  текот на ноќта на 17 октомври, руските сили нападнаа енергетска инфраструктура во регионите Днипропетровск, Кировоград, Суми и Донецк, додека и самите ја пренесуваат објавата на Володимир Зеленски на својот официјален Телеграм канал дека Русија продолжува да го тероризира животот во Украина, каде вели дека руските дронови ја таргетирале цивилната инфраструктура во Кривој Рог.

„Ништо не се промени за Русија – таа продолжува да го тероризира животот во Украина. Рој беспилотни летала го погодија Кривој Рог, таргетирајќи ја цивилната инфраструктура. Десетици други дронови за напад се појавија и на нашето небо. Забележани се и проектили. Всушност, во последните недели, не помина ниту една ноќ без руски напади врз Украина. Повеќето од целите се инфраструктурни објекти – систематска кампања на терор против нашиот енергетски сектор“, се вели во објавата.

И на видеото кое се споделува во веста, на ноќната снимка се гледа дека Кривјиј Рих навистина беше цел на ужасен напад, со најмалку 10 експлозии кои се гледаат во позадина, но не е познато колку и какви цели се погодени, и нема никакви индиции ниту докази кои ќе ги потврдат руските тврдења за новодноприсуство на авиони на НАТО.

Kryvyi Rih has indeed been subject to an awful attack.

At least 10 drones descended on the city in Dnipropetrovsk.
It’s no known how many hit targets, but from this video we can see there were quite a few.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/tQRXmptF7F

— Tim White (@TWMCLtd) October 16, 2025

Од друга страна, познато е дека авионите на НАТО се стационирани долж источната граница на Алијансата, и од таму се ангажираат во акции на пресретнивање на руски дронови кои го нарушуваат воздушниот простор на земјите членки на НАТО, и патролираат близу руската граница.

Некои од порталите во текстот спомнуваат дека Украинските власти потврдиле дека во Кривји Рих се слушнале повеќе од десетина експлозии за време на воздушниот напад, но не го споменале аеродромот, што дополнително фрла сенка на нивните наслови во кои се издвојува руското тврдење, земено здраво за готово, некритички, без да се додаде дека е „наводно“ или непотврдено.

Веста на РИА Новости ја пренесоа и регионалните медиуми, при што се забележува дека во ширењето на руските пропагандни наративи, кои до сега главо беа „привилегија“ на српските и македонските портали,  сега им се придружија неколку медиуми од Хрватска, земја членка на НАТО и ЕУ.

 

Колку за потсетување, реемитување на ветите од РИА Новости, заедно со уште неколку руски провладини медими беше забранета во земјава и членките на НАТО и ЕУ.

Во контекст на Северна Македонија, како што претходно објави ЦИВИЛ Медиа  врз основа на сознанијата на тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани (ЦХТМ) забележливо е зголемено присуство на содржини со руски пропагандни наративи во дел од македонските медиуми во пресрет на локалните избори, што има повеќекратни цели, кои се во корелација во пошироката стратегија на Кремљ за влијание во Европа, на Балканот, вклучително и во Северна Македонија.

Руската пропагандата, преку погодни медиуми во Северна Македонија, која е членка на НАТО и претендент за влез во ЕУ, се стреми да ги прикаже Алијансата и  ЕУ како лицемерни, корумпирани, непријателски настроени, со што треба да го ослаби кредибилитетот на овие институции кај граѓаните, што кореспондира со изјавите на партискиот врв кој, следејќи ги конфронтацијата со европските институции на релацијата Белград-Будимпешта,  ја обвинува ЕУ за наводен напад врз македонскиот идентитет, додека, од друга страна сака да се прикаже Русија и Путин како сојузници во борбата за одбраната на македонизмот, со што ќе се одвратат граѓаните да гласаат за проевропските опции.

Целта на зголеменото присуство на руските пропагандни наративи е создавање амбиент на недоверба, нестабилност, назадување на демократските процеси и забавување на евроатлантските интеграции, со што Северна Македонија на подолг рок би останала подложна на руско влијание и ранлива за идни геополитички игри.

Драган Мишев, во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ)


Оваа статија е дел од проектот Демократски навигатор – стратешки одговор на дезинформациите и хибридните закани, градење демократска отпорност. 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: проруски македонски порталиРИА новостиРуска пропагадна и дезинформации
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ