• Latest

Следува намалување на струјата за малите потрошувачи, иницирани три постапки за злоупотреби од функционери, Зеленски на средба со Бајден во САД

December 21, 2022
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Следува намалување на струјата за малите потрошувачи, иницирани три постапки за злоупотреби од функционери, Зеленски на средба со Бајден во САД

December 21, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Бектеши: Сигурно ќе има намалување на цената на електричната енергија за малите потрошувачи

Ќе направиме се што е во наша надлежност да нема драстично зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, а ќе има намалување за малите потрошувачи – за микро и малите компании, посочи денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

-Намалување на цената за малите потрошувачи ќе има заради тоа што веќе се стабилизираат цените за електрична енергија и за природен гас на светските берзи. Тоа дозволува ние да можеме да интервенираме за да бидат поконкурентни нашите микро и мали компании не само на нашиот пазар, туку и во регионот и пошироко, рече Бектеши во одговор на прашање пред почетокот на одбележувањето на јубилејот „90 години Занаетчиска комора Скопје“.

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ

„Медиумскиот пејсаж во Северна Македонија е прилично комплициран. Не мислам дека сме исклучок од другите земји, каде демократијата се соочува со повеќе предизвици. Би рекол дека на Балканот, поточно, во земјите од Западен Балкан, медиумите се пред сé сиромашни. Новинарството како професија не е повеќе популарно. Има сé помалку студенти кои се запишуваат да студираат новинарство. Последната бројка, мислам е дека не повеќе од 15 студенти се запишале на новинарски студии во Северна Македонија изминатата година“, вели Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, во интервју за Катерина Соколова, од Институтот за новинарство во Кијив, Украина, по повод меѓународниот семинар „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ во организација на ЦИВИЛ во партнерство со Youth4Media (Y4M).

*

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, ги повтори изјавите дека во моментов и покрај честите закани за поставени бомби во јавни и образовни институции, нема реална закана по безбедносната состојба во земјава. Таа во одговор на новинарско прашање за ЦИВИЛ медиа рече дека Министерството за одбрана нема официјални надлежности во врска до хибридните напади и заканите со бомби, но дека се подготвени по потреба да помогнат.

Деновиве во јавноста се појави анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Северна Македонија која се занимаваше со прашања поврзани со рејтингот на партиите, расположението на граѓаните за евроинтеграции, како и многу други прашања. ЦИВИЛ Медиа разговараше со граѓаните во Скопје, кои на прашањето дали им веруваат на анкетите на агенциите, или поточно дали биле анкетирани, тие одговорија дека со скептицизам гледаат на анкетите и дека зависи од тоа кој ги нарачува.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОЛИТИКА Најважниот предмет, или меѓу најважните, е тој со незаконското прислушување. И ако не се испорача казна, тогаш останува ризикот и други луѓе во иднина да го прават истото злосторство како што тоа го направиле Груевски и Мијалков. Затоа казна мора да има за секое незаконско дело, вели поранешниот премиер Зоран Заев во изјава за „Фокус“.

-Животот на моите деца, семејството и пријателите беше под прашање, но и покрај тоа, во име на заштита на човековите права, во име на вистината, демократијата и слободата, и за никогаш да не се повтори, јавно беа, лично од мене, споделени доказите за незаконското прислушување, додава тој.

ФИНАНСИСКА ПОМОШ Владата подмири речиси половина од долгот за струја на македонски Железници и Транспорт. Двесте милиони денари се ставени на располагање на Министерството за транспорт и врски за плаќање на дел од долгот на Железници и Транспорт, пренесува МИА.

БУЏЕТ Предложениот буџетот на Министерството за одбрана за 2023 година изнесува 274,6 милиони евра и е за една третина повеќе од минатогодишниот. Според премиерот Димитар Ковачевски, планираните финансии за одбраната за следната година ќе придонесат за развој и модернизирање на овој  ресор согласно стандардите на земја членка на НАТО.

ПРАВДА Кабинетот на вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, досега иницирал три постапки поврзани со злоупотреби од страна на функционери. Во интервју за МИА, вицепремиерката Грковска потенцира дека за две постои основано сомнение за поднесувањето кривична пријава, додека третиот случај е поднесен пред извесно време и станува збор за голем и обемен случај, поради што не очекува до крајот на годината да има исход од страна на истражните органи.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Володимир Зеленски, украинскиот лидер, се очекува денеска да се сретне со претседателот Бајден во Белата куќа, а потоа лично да се обрати во Конгресот, пренесува Њу Јорк Тајмс повикувајќи се на персоналот запознаен со планирањето кои предупредија дека плановите може да се променат. Ризиците од таква посета се високи, а строга тајност го опкружувала секој таков напор.

РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косовско-српски „нон –пејпер“ за формирање Заедница на српски општини, корупциска шема Брезовица, Албанија купи три беспилотни вооружени летала од „Бајрактар“

СЛОБОДНА ЗОНА

Љубиша Николовски

„И за некое чудо или сепак не, вкупните резултати од 64 земји покажуваат, дека колективниот Запад (ЕУ и САД) останува попривлечен како економски (58%) така и како партнер во безбедноста (59%). За споредба, Кина и Русија заедно добиле 29% поддршка како економски, и 26% како безбедносен партнер.

Ако е така, тогаш зошто ВМРО-ДПМНЕ им го пречи патот на граѓаните кон ЕУ, измислувајќи сто причини за да им го оневозможат бенефитот на сопствените граѓани за кои постојано велат дека се грижат.

Оваа лажна грижа на опозицијата мора да престане, токму во интерес на граѓаните на кои повеќе од сè им е потребен политички и особено економски просперитет што ЕУ им го овозможува“, пишува Љубиша Николовски во анализата „Ако ЕУ е најпосакуван партнер на македонските граѓани, зошто ВМРО-ДПМНЕ е против нивната волја“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ