Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, ги повтори изјавите дека во моментов и покрај честите закани за поставени бомби во јавни и образовни институции, нема реална закана по безбедносната состојба во земјава.
Таа во одговор на новинарско прашање за ЦИВИЛ медиа рече дека Министерството за одбрана нема официјални надлежности во врска до хибридните напади и заканите со бомби, но дека се подготвени по потреба да помогнат.
– Ваквиот тип на напади се нов вид на војна, а изјавите кои ги дадов се темелат на информациите кои ги добиваме од безбедносно разузнавачките служби, а тоа е дека во моментов нема реална закана којашто може да влијае на нашата национална безбедност, рече Петровска.
С.Т