• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косовско-српски „нон –пејпер“ за формирање Заедница на српски општини, корупциска шема Брезовица, Албанија купи три беспилотни вооружени летала од „Бајрактар“

December 21, 2022
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косовско-српски „нон –пејпер“ за формирање Заедница на српски општини, корупциска шема Брезовица, Албанија купи три беспилотни вооружени летала од „Бајрактар“

December 21, 2022 12:23
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

БОТА СОТ: Формирање  на Заедницата на српски општини, една од препораките од „тајните“ средби меѓу Косово и Србија

„Владата на Косово треба да започне со формирање на Заедница на општини со српско мнозинство“ , е една од препораките  од таканаречениот „нон –пејпер“ што произлезе  од  „тајната“ средба меѓу  претставниците на политичките партии на Косово и на Србија, одржана на 11 и 12 јануари во Солотурн, Швајцарија, пренесува косовскиот весник БОТА СОТ.

Дел од учесниците на оваа средба порачаа дека Здружението треба да биде дел од сеопфатниот договор.

„Мора да се разговара за модел за избори на север на кои учествуваат Срби и партиите да се договорат во рок од три месеци. ЕУ и САД треба да бидат страни во решавањето на овој спор со притискање на Приштина и Белград да се договорат за рамката на преговорите. Тие треба да преминат од улогата на олеснувач во улогата на медијатор. Рамката треба да го стесни опсегот на опции за партиите. Предлогот на ЕУ, познат како француско-германски предлог, се чини дека го прави токму тоа“ , се наведува меѓу другото, според  БОТА СОТ.

РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА: Како Брезовица се претвори во корупциска шема

Стотици градби без дозвола, деградирање на животната средина, давање и примање поткуп се само дел од кривичните дела, за кои Основното обвинителство на Урошевац , Република Косово, поднесе две обвиненија против 20 лица.

Меѓу обвинетите се Братислав Николиќ, поранешен градоначалник на општина Штрпце, каде што всушност  се наоѓа Брезовица, потоа општински директори, службеници од Министерството за животна средина, градежници и други лица кои помагале или давале мито во замена за градежни дозволи.

За овој случај, во кој се истражени околу 100 лица, обвинителот Расим Малоку за Радио Слободна Европа дава детали – меѓу другото покажува како Николиќ како градоначалник на Штрпце незаконски дал дозвола за градба во Брезовица, во замена за поткуп, како општинските инспектори не ги прекинале работите и како службеници од Министерството за животна средина ја занемариле работата во врска со деградацијата на Националниот парк „Шари“ во Брезовица.

По долга истрага, Основното обвинителство во Урошевац во 2020 година поднесе обвинителен акт против 11 лица осомничени за злоупотреба на положбата, градење без дозвола, деградирање на природата, како и прекршување на други закони. Овие работи се поврзани со изградбата на десетици викендици и хотели во Брезовица.

ТОП ЧАНЕЛ: Албанската влада набави три вооружени беспилотни летала од  „Бајрактар“

Албанската влада го финализираше и потпиша договорот со турската компанија „Бајрактар“, за набавка на три вооружени беспилотни летала, кои ќе се користат во воени, полициски и цивилни мисии, во функција на националната безбедност, пренесе албанскиот медиум Топ Чанел.

„Повеќе од 30 луѓе кои ќе бидат избрани многу внимателно со помош на компанијата Бајрактар, кои ќе поминат обука и ќе бидат подготвени да ја преземат функцијата на контролниот центар, кој ќе биде предмет на највисока технологија во воздухопловната база на Кучове“,изјави албанскиот премиер Еди Рама.

Д. Тахири

 

Tags: „Бајрактар“„НОН-ПЕЈПЕР“АлбанијаБрезовицаКорупцијаКосовоСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ