Слободна зона на ЦИВИЛ денеска со Мирјана Најчевска и Џабир Дерала:
„Во Македонија сум влегла во голем број куќи во кои нема апсолутно ниту една книга. Сум сретнала многу деца кои не стапнале во библиотека. Знам многу возрасни на кои библиотеката им е најдосадното место на светот.
И, сето ова нема никаква врска со учебниците.
Учебниците се помагала со кои им стојат на располагање на учениците полесно да стекнат одредени знаења и вештини.
Тие треба да им понудат методи за пребарување, за поставување прашања, за поврзување на нештата. Треба да бидат флексибилни и да ги следат најновите сознанија. Треба да бидат алтернативни, за да може ученикот да научи да гради сопствен став и мислење. Да бидат интерактивни, за да го внесат ученикот во светот на причинско-последичниот начин на размислување, сумирање и изведување заклучоци“, пишува професорката Мирјана Најчевска во Лесно е да бидеме еднакви во лошото
„Навистина, како не се најде еден паметен, образован, чесен и искрен човек во тие разбојнички гнезда што цицаат пари од буџетот, а изгледа дека имаат и купишта црни пари за пропаганда против иднината на оваа земја? Та нели повеќето од нивните шефови се професори или носат разни академски титули, а во извршните и советодавните тела имаат разни академски „величини“? И азилантот, другарчето на Виктаторот од Будимпешта им стана доктор на науки, нели? Зошто тогаш толку глупост и црнила, шлајфување во калта на омразата и деструкцијата?
Се разбира, ова се реторички прашања на кои одговорот е едноставен. Да се носи академска титула и да се биде шеф во оваа земја, не значи дека некој е паметен. Па дури и да е паметен, не значи дека нема криминален ум. Се работи за одговорноста и за вредностите на човекот. И, ако се најде некој што со одговорност и чест ги употребува своите вештини и знаења за да поита кон иднината, веднаш го ставаат на стрелачкиот ѕид на пропагандата“, вели Џабир Дерала во деншниот РАФАЛ Судот на „народот“