• Latest
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Судот на „народот“

April 22, 2021

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Судот на „народот“

Неколку белешки за трујачите...

April 22, 2021 11:57
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Ги злоупотребуваат своите позиции во општеството и во системот, за да се стекнат со уште повеќе пари и моќ. Им слугуваат на центри на моќта кои работат против македонските национални интереси. Антипатриоти се, а цел живот вреват за патриотизмот зад кој ги кријат своите криминални постапки, злокобните ставови и радикализмот. Внесуваат поделби, страв и омраза меѓу луѓето секаде каде што можат. Ги делат луѓето по етничка и верска припадност, по социјална и партиска линија, ги понижуваат жените, контаминираа генерации деца со неизмерни глупости. Неодговорни се. Крајно неодговорни.

Тие би да нема вистински суд, туку судот на „народот“, а под „народ“ се подразбираат себеси и своите тесни интереси, себичноста. Немаат тие ништо со „народот“, освен што сакаат да го експлоатираат. Тие би да нема владеење на правото, затоа што така ќе завршат на обвинителната клупа. Не би сакале да ја видат Северна Македонија интегрирана во ЕУ, не сакаат членство во НАТО, не сакаат попис, не сакаат да гласаат за економски мерки за ранливите и за стопанството, не гласаат за антикорупциската стратегија, бидејќи хаосот, сиромаштијата, изолацијата и стравот се нивната храна…

Висат по ходници и бифеа и им ги трошат парите на даночните обврзници и блокираат сè што може да се блокира во парламентот… И трујат.

Ги злоупотребуваат своите функции за да ги разнишаат демократските темели на сопствената земја. И во војна се спремни да ја вовлечат земјата, за да ги задоволат сопствените интереси и да ги лечат сопствените фрустрации. Колку пати да се повтори ова за да стане јасно?

***

Оној, насаден на чело на најголемата националистичка партија, цимолеше да се сретне со премиерот. Демек, да го одложи пописот и потоа да ликува дека тој е заслужен за одложувањето. Не тој што му попушти, не Комисијата за заразни болести, туку тој. Бре! А веднаш потоа продолжи со црната пропаганда и блокадите.

Другион не заслужува ниту да се коментира. Како манијак што плаши деца по паркови и темни ќошиња, со поганиот јазик исплазен, секој ден пцуе и навредува. Гнаса од човек.

***

Навистина, како не се најде еден паметен, образован, чесен и искрен човек во тие разбојнички гнезда што цицаат пари од буџетот, а изгледа дека имаат и купишта црни пари за пропаганда против иднината на оваа земја? Та нели повеќето од нивните шефови се професори или носат разни академски титули, а во извршните и советодавните тела имаат разни академски „величини“? И азилантот, другарчето на Виктаторот од Будимпешта им стана доктор на науки, нели? Зошто тогаш толку глупост и црнила, шлајфување во калта на омразата и деструкцијата?

Се разбира, ова се реторички прашања на кои одговорот е едноставен. Да се носи академска титула и да се биде шеф во оваа земја, не значи дека некој е паметен. Па дури и да е паметен, не значи дека нема криминален ум. Се работи за одговорноста и за вредностите на човекот. И, ако се најде некој што со одговорност и чест ги употребува своите вештини и знаења за да поита кон иднината, веднаш го ставаат на стрелачкиот ѕид на пропагандата.

И, да не пропуштиме. Има паметни, образовани, чесни и искрени политичари и во десничарските политички кругови. Каде се? Исклучени од членството на партијата, распнати на Фејсбуковата Голгота.

Нема ништо достоинствено, ниту чесно и одговорно во тоа да се биде на чело на партија која постојано ја попречува работата на парламентот, па ги блокира дури и одлуките за поддршка на најранливите во општеството. Нема ништо чесно, немајќи идеи или имајќи само една идеја – богатење, да се крадат идеи и да се припишуваат сопствените валканици на други. Тоа не е ни мангуплак, туку обично уличарско, гангстерско однесување. Тие што израснале на градскиот асфалт, со рокенрол не само во ушите, туку и во срцата, знаат што е разликата.

 


НАПРАВИ РАЗЛИКА: ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Creative Commons 4.0

Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ