Слободна зона денеска со Петрит Сарачини, Џабир Дерала и Александар Николиќ Писарев:
„Општество без сеќавање нема ни иднина. А оние што бришат архиви нема да го скријат своето мрачно минато и сегашност, туку само покажуваат какви ќе бидат и во иднина. Архивите не се бришат само за да се запретаат трагите од неделата, туку да се создаде простор за уште поголеми недела“, пишува Џабир Дерала во едиторијалот „Општество без сеќавања нема иднина“.
„Данските и финските навивачи одржаа една европска лекција по фудбал. Вистинските љубители на фудбалот од цел континент, фудбалските фанови ширум светот се обединија и му посакуваат на Кристијан Ериксен побрзо закрепнување… Оваа лекција е особено важна за оние усвитени глави меѓу фудбалските навивачи кај нас, оние што во фудбалот гледаат само уште една алатка за сеење омраза и поделби во и онака крајно поделеното и исполитизирано македонско општество“, пишува Петрит Сарачини во „Фудбалски навивачи со лекција по човечност“
„Во вториот дел од оваа анализа прочитајте малку познати или непознати факти за настаните од 2001 година, идеите за поделба на земјата и размената на териториите кои во тоа време некои се обидуваа да ги стават на маса. За да се разбере пораката од претседателот Бајден и за да се сфати колку се опасни игрите околу негирањето и поткопувањето на договорите како Охридскиот, Преспанскиот, Дејтонскиот и други, потребно е да се свертиме кон времето кога тие се донесени. Во ова продолжение, се враќаме во 2001 година“, пишува Александар Николиќ Писарев во анализата „Кој (не) ја разбра пораката од Бајден? (2)“
„Трендовите кои европската крајна десница се обидува да ги наметне во современите општествено политички текови, претставуваат обид да се врати времето на балканските крвопролевања, за кои мислевме дека се неповратно заминати во историјата. Тие сериозно се закануваат да ги оживеат сеништата на минатото“, се вели во вториот дел од анализата „Сеништата на минатото (3)“ на Александар Николиќ Писарев.