• Latest

Слободни избори за слободно општество

September 21, 2017

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Слободни избори за слободно општество

September 21, 2017 15:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода организира конференција под наслов „Слободни избори за слободно општество“, на која се поканети експерти, аналитичари и претставници на граѓанското општество, да ги презентираат своите наоди и препораки за изборниот процес, особено во тринеделниот период на официјалната предизборна кампања. Конференцијата ќе се обиде да даде одговор на прашањето: Што претходеше, што треба да се направи и кои се ризиците пред нас, во контекст на локалните избори во Република Македонија?

Во соопштението на ЦИВИЛ се вели дека конференцијата ќе се одржи на 25 септември (понеделник), од 11 до 13 часот, во просториите на Клубот на новинарите.

Оваа активност е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, поддржан од Федералното Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

На конференцијата се поканети и медиуми, НВО, институции, политички партии и заинтересирани граѓанки и граѓани. Тие ќе имаат можност да поставуваат прашања или коментари со должина до една минута, по излагањата на говорничките и говорниците на Конференцијата.

Потврдени говорнички и говорници се Томас Герберих, амбасадор на Сојузна Република Германија, Крис Хеншо, директор на Националниот демократски институт (НДИ), Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, професорката Мирјана Најчевска, експертка за човекови права, универзитетскиот професор Осман Кадриу, професорот Сашо Орданоски – политички аналитичар, универзитетски професор и член на Експертскиот борд на ЦИВИЛ, Сандра Гавриловска, адвокатка, правна експертка и членка на Експертскиот борд на ЦИВИЛ, Александар Новакоски, адвокат, правен експерт, поранешен претседател на ДИК и член на Експертскиот борд на ЦИВИЛ, Драган Малиновски, адвокат, правен експерт и поранешен претседател на Државна комисија за спречување на корупцијата, Благица Димитровска, претседателка на „Инклузива“ – здружение за промоција и развој на инклузивно општество, и Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

Се очекуваат одговорите од уште неколку поканети говорници.

ЦИВИЛ – Центар за слобода го набљудува изборниот процес од почетокот на годината. Мониторингот се спроведува преку долгорочни набљудувачи, како и преку соработничката мрежа од активисти, дописници и граѓански новинари. За набљудување на денот на гласањето, ЦИВИЛ ќе акредитира најмалку 106 набљудувачи.

Изборниот мониторинг на ЦИВИЛ е овозможен преку проекти кои вклучуваат изборни аспекти или се специфично дизајнирани за таа намена. Активностите на ЦИВИЛ поврзани со мониторингот на локалните избори во Република Македонија 2017 година се финансирани од Федералното Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Националната фондација за демократија (National Endowment for Democracy) и USAID’s Civic Engagement Project. За секој дополнителен извор на финансирање, ЦИВИЛ веднаш ќе ја извести јавноста.

Tags: конференцијалокални избориСлободни изборислободно општествосоопштениеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ