Судењето за случајот „Триста” во кој е обвинет поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски, е презакажано за 19 февруари. На Поповски ќе му суди нов судија, а не Лидија Петровска.
Судијката Петровска на денешното рочиште соопшти дека Поповски е во добра здравствена кондиција и ќе може да присуствува на судењата за „Триста“, откако претходно тоа го утврди вештак зад затворени врати.
Поповски е обвинет од Специјалното јавно обвинителство.
Според СЈО, тендерот за купување, сервисирање и одржување 300 возила за потребите на МВР поранешниот помошник-министер им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда со што го оштетил државниот буџет за 453.570 евра.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.