-Дик треба да ги спроведе законите што ги спроведува Собранието. Го слушнавме и Министерот го истакна законот за фингер принтот, меѓутоа, јас честопати и како пратеник во Собранието сум истакнал дека во Македонија немаме проблеми со донесувањето на законите, проблемот во нашата држава се имплементацијата на законите. На една од неговите прес конференции, министерот Маричиќ рече дека законите во Македонија, за жал, не се имплементираат. Тоа не го кажувам само јас, туки и министерот. И законот за отпечаток на прст, Законот беше донесен, и требаше да се имплементира, изјави Халил Снопче, пратеник и претставник на Алијанса за Албанците на конференцијата на ЦИВИЛ за изборни реформи.
Имавме предвремени избори во Штип и Пласница, каде што законот не беше спроведен. Ако некој ги обжали резултатите, изборите во Штип и Пласница би биле нелегитимни, вели Снопче. Кај нас проблемот е повеќе дали ќе има отворени листи, дали ќе се имплементира фингер принтот, што е битна работа, и каква ќе биде поделбата со изборните единици. Тука не се сложни сите политички партии, сите партии мислат различно. Има партии што сакаат една иборна единица, има партии што мислат три, има партии што сакаат да остане актуелниот модел, а нашата партија мисли дека Македонија треба да се подели во 8 изборни единици. Тие препораки на ОБСЕ ќе се применат, законите ќе се донесат и ДИК мора да ги имплементира. Ако одиме наназад во историјата, епистемиолошки веруваме дека ќе се повтори историјата. Сега треба да веруваме дека историјата нема да се повтори. Дури во 2002 година е донесен законот за пропорционален модел со 6 изборни единици. Во тоа време се дозволило да има разлика од 3 отсто од една до друга изборна единица.
Во 2006 година, прв и последен пат е зголемен бројот на гласачи, за 77.153 гласачи повеќе, вели Снопче.
И. Крџиќ
Камера: Атанас Петровски
реализација и монтажа: Ариан Мехмети