Продолжува „преписката“ помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и пратеникот од редовите на ВЛЕН, Халил Снопче.
Снопче за весникот „Лајм“ со реплика за премиерот – „нека му е со среќа секому, ако работите дојдат до таа фаза (да се напушти владата)“.
„Премиерот е свесен од каде доаѓаат таквите искри и од каде некој сака да фрли искра за да создаде криза. Нормално е да каже на некому кој ја напушта владата нека му е со среќа. И ние велиме дека посакуваме среќа секому, ако работите дојдат до таа фаза. Тоа е нормална изјава, тој е премиер. Нема тука ништо трагично. До сега нормално функциониравме во согласност со односот на силите, не во сооднос на моќта. И сигурно дека во иднина ќе функционираме со избалансирани сили, до реализација на нашите програмски определби“, изјави Снопче.