• Latest

Со 80.000 учесници, COP28 е најголемиот самит на ОН за климтски промени, на Самитот учесници Пендаровски и Бектеши

December 1, 2023

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

Со 80.000 учесници, COP28 е најголемиот самит на ОН за климтски промени, на Самитот учесници Пендаровски и Бектеши

December 1, 2023 12:09
in ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

КOП28 е официјално најголемиот самит на ОН за климата досега, со 80.000 учесници регистрирани на список кој — за прв пат — покажува за кого работат. До оваа година, оние што учествуваа не беа обврзани да кажат за кого работат, што го отежнуваше откривањето на лобистите и идентификувањето на потенцијалниот конфликт на интереси на преговарачите.

Околу 104.000 луѓе, вклучително и технички и безбедносен персонал, оваа година имаат пристап до „сината зона“ посветена на вистинските преговори за климата и павилјоните на присутните држави и организации.

Тоа во голема мера го надминува претходниот рекорд на минатогодишниот самит на ОН за климата во Египет, COP27, на кој имаше 49.000 акредитирани присутни и каде лобистите за нафта и гас ги надминаа повеќето национални делегации, според невладините организации.

Оваа година има речиси 23.500 луѓе од официјални владини тимови.

Со нив патуваат 27.208 експерти за политики, академици, претставници на професионални организации и високи директори на компании од нафтените гиганти., пренесе МИА.

Овие гости немаат ист степен на пристап до преговорите како официјалните делегати, но нивното присуство ја зголеми загриженоста за способноста на големите бизниси да влијаат на разговорите.

На КОП28 учестува и претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, а од утре и Министерот за економија Крешник Бектеши кој ќе ја презентира Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција на Северна Македонија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ