• Latest

Со блокадата на Скопје и Тирана, губат и Брисел и Софија, ЕУ не се откажува

December 9, 2020
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Со блокадата на Скопје и Тирана, губат и Брисел и Софија, ЕУ не се откажува

December 9, 2020 11:52
in ВЕСТИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарија стави вето за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, и со тоа го попречи носењето одлука и за Албанија, а германското претседателство меѓутоа уверува дека стартот на процесот е прашање само на време.

За министерот за европски работи на Германија, и претседавач со ЕУ до крајот на оваа година, ова вето претставува и лично разочарување, и загрозување на безбедноста на целиот регион, па и на Европа на долг рок, изјави Михаил Рот пред и после вчерашниот министерски совет на ЕУ.

„Европската Комисија предложи преговарачка рамка, прашањето е кога, а не дали таа ќе биде усвоен, би сакал да испратам малку оптимизам, само една земја не се согласи за преговарачката рамка, а таа рамка мора да биде прифатена од сите земји членки на ЕУ и од Северна Македонија, прилично сум сигурен дека нашите партнери во Скопје нема да се обесхрабрат“, рече Михаил Рот на прес конференцијата вчера.

За него прашање на време е кога ќе се одобри преговарачката рамка за Северна Македонија, тој смета и на португалското претседателство, иако останува нејасно на што го темели својот оптимизам и дали има знаци од Софија дека владата таму би попуштила.

„На мое огромно разочарување не постигнавме согласност за преговарачките рамки ниту за заклучоците на Советот за проширувањето, ова е горчлив удар за нашата политика кон Западниот Балкан чија цел е да се поттикне стабилност и демократија на Западниот Балкан, но ЕУ останува посветена да се постигне согласност во наредните денови, најдоцна за време на португалското претседателство“, изјави Рот.

За ЕУ нема дилема дека Северна Македонија припаѓа во Европската Унија, потврди германскиот министер.

„Нема потреба од план Б за Северна Македонија, прашањето е само кога, и сигурен сум дека ќе се надмине ова. Ова за мене е и лично разочарување, како и за самата канцеларка (Меркел), ние сме посветени, но не бевме доволно успешни, почувствував огромна поддршка од другите земји членки, а португалското претседателство рече дека ќе се заложи. Можете да сметате на поддршката на федералната влада на Германија дека ќе продолжи да притиска“, рече германскиот министер за Европа.

Рот со своите изјави остави простор за можен компромис до крајот на оваа година, иако шансите се многу мали. Сепак, на крајот на оваа недела треба да се одржи самит на лидерите на ЕУ каде канцеларката Ангела Меркел ќе има повторно прилика да разговара со својот сопартиец од Европската народна партија, бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Поранешниот бугарски министер за надворешни работи Ивајло Калфин изјави дека Бугарија е губитник во сегашната ситуација и дека ќе остане запишана во историјата како земја која ги запре преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, иако сакала да биде лидер и да го води процесот на евроинтеграција на Западен Балкан.

Во изјава за БНТ, Калфин вели дека бугарската позиција им одговара на други земји, кои исто така не сакаат да продолжи процесот на проширување на ЕУ, но ја користат Бугарија како изговор за тоа.

„Објаснувачкиот меморандум на Бугарија за нејзините проблеми со Северна Македонија испратен до членките на ЕУ е несфатлив за повеќето Европејци и наместо да го постигне посакуваниот ефект, тој нè изолираше. Бугарското вето исто така ги зајакна антибугарските чувства во Скопје и додаде вода во воденицата на „србоманските кругови“. Во моментов користиме француски клуч за да одвртиме завртка што се одвртува со шрафцигер“, наведува Калфин.

Софија, според него, треба да бара друга форма за решавање на билатералните прашања со Скопје.

Смета дека нема време да се постигне решение за тргање на ветотото до утрешниот Самит на ЕУ. Посочува дека бугарски владини претставници јавно кажале дека Софија ќе чека Северна Македонија да почне да се однесува поинаку, а и македонскиот премиер Зоран Заев рече дека прашањето ќе остане за по изборите во Бугарија.

„Проблемот е во тоа што и ние и Република Северна Македонија ризикуваме да се лизнеме по линијата на пропагандата и идеологијата што владеат со двете земји многу години. Историјата и јазикот се важни и властите треба да ги заштитат, но, сепак, бугарските аргументи се неразбирливи за европските партнери“, нагласува поранешниот шеф на бугарската дипломатија Ивајло Калфин.

Со блокадата на Северна Македонија и Албанија, освен Скопје и Тирана, губат и ЕУ и Бугарија, како и другите земји во регинот, смета бугарскиот европратеник и известувач за С Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

„Бугарија е една од државите што ја ставија евроинтеграцијата на земјите во регионот на многу високо место во својата агенда. Во исто време, јасно е дека со политичка блокада, нема да има победници, и сите ќе изгубиме. ЕУ ќе изгуби затоа што ќе биде поткопан нејзиниот кредибилитет, ќе се покаже како неспособна за решавање на големи геополитички прашања и да биде глобален играч. Ќе изгубат Република Северна Македонија и Албанија затоа што вложија големи напори на патот кон членството во ЕУ. На крај, но не и најмалку важно, ќе изгубат и нивните соседи, бидејќи процесот на интеграција бара градење на добрососедски односи, кои се поврзани со расчистување на историските спорови“, истакна Ќучук.

Тој смета дека бугарската позиција кон Скопје е неразбирлива за другите земји од ЕУ, а Владата во Софија не направила ништо да ја образложи и објасни.

Илхан Ќучук заедно со уште дваесеттина европралементарци потпишаа декларацијата со која бараат од Советот на ЕУ да се доблокира евроинтеграцијата на С Македонија и на Албанија.

„Ова е позиција на 24 колеги кои имаат формална улога во процесот на интеграција на Западен Балкан. Таа има за цел да им пружи рака на двете земји, но исто така и на државите кои имаат скептичен поглед на политиката на проширување на ЕУ. Несомнено, актуелните противречности во ЕУ се големи, а ние мора да ги почитуваме очекувањата на европските граѓани, но и ветувањата кон земјите од Западен Балкан за нивниот пат кон членството во ЕУ“, истакнува бугарскиот европратеник и известувач за С Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ