• Latest
Војо Маневски

Со двете нозе во една чевла нема чекорење

March 12, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Со двете нозе во една чевла нема чекорење

March 12, 2025 11:43
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

 ВОЈО МАНЕВСКИ

Светот се менува пред нашите очи, а кој ќе биде резултатот ќе се покаже како и многу пати во историјата, после одреден рок. Секој систем пропаѓа најмногу поради сопствените противречности вградени во него.

Либерализмот имаше една структура, а пост- либерализмот почна да станува негација на основата. Што би рекле моите сограѓани, „на празен стомак торта не оди ,треба прво лебче да се касне“.

Популизмот како резултат на изманипулираното мнозинство доведува до авторитарни режими кои не се ништо друго освен создавање на нови елити кои не ја потврдиле својата вредност низ природната селекција и конкуренција.  Сега очекуваме големите проблеми кои се пред нас  да ги решаваат не полуписмените, тие сега се „интелектуална“ елита, туку пол-усмените кои не успеваат да формулирааат свој став, зошто го немаат, а треба да го кажат на јасен начин туѓиот, со половина од мислите  постојано вклучени кон додворување на лидерите или оние кои ги довеле до состојба да објаснуваат или бранат нешто кое не го разбираат. Ете затоа често се дури и  невкусни дебатите во медиумите на партиските преставници.

Но тоа ѐ што си го зслужуваме како граѓани . Никако да го поставиме заедничкиот интерес како основа на личниот . Онаа нашата „ мој Стојанче да си дојде“ ќе не доведе до состојба во која никој нема да се врати а цел свет ќе ни биде крив за нашите заблуди.

Чекаме владата да ги покачи минималните плати, да исплати за млеко, за ориз, за струја. Се мрштиме и само чекаме нови избори за да пак ги потврдиме соствените заблуди за семоќноста на државата и оние што мислиме дака сме ги избрале, а всушност сме се повеле од сопствените  очекувања дека некој ќе ни ги решава проблемите.

Не се само политичарите криви, еднаш напишав зошто, ако три децении погрешни избори правиме тогаш има вина и кај нас како граѓани на Македонија.

Ќе растат ли цените и до Велигден и после празниците? Ќе растат се додека има купувачи и монополи на пазарот.

Законитоста на пазарот е таква. Се борат компаниите за подобра положба на пазарот и по можност да се на неговиот врв од каде ке ги управуваат понудата и побарувачката. Од секогаш така било и ќе биде .Тоа не е само пазарно птравило туку дел од карактеристиката на човекот. Како поединец е така, ама како дел од социјалната заедница мора да почитува правила кои ја држат неа како ентитет. Инаку улиците на помалите градови ќе ни личат на геронтолошки центри, а болниците полни. Училишта нема да ни требат зошто деца ќе има се помалку.

Кој треба да ги постави тие правила и да бара да се почитуваат? Па зошто ни е тогаш државата како систем ако не работи за опстанокот на нејзината содржина. Апарат за владеење ќе се најде, ама проблемот е каков е тој.

Многу работи нѝ недостасуваат ама сега веќе ни она што мислевме дека го имаме е веќе дефицитарно. Немаме време почитувани сограѓани. Светот бргу ги менува приоритетите и мораме да се сообразиме со новите правила. Не можеме да одлагаме со реформите зошто без да се реформираме ќе се најдеме со двете нозе во една чевла.

Прво е дека не можеме да трошиме толку колку што мислиме, зошто не заработуваме толку. Јавните финансии мора да се сообразат со можноста на населението. Не можеме да имаме толкав државен апарат кој не само што е голем туку е и нестручен и затоа е неефикасен. Веќе не ѐ производ на општата партизација што ја имавме сите овие децении, туку сега имаме и партизација на партиите каде се сѐ сведува на лидерот и неговото опкружување како дворска елита која има сопствени интереси.

Затоа се кочат реформите во јавните финансии, во правосудството, во воспоставување на фер односи на пазарот каде квалитетот и понудата ќе се одлучувачки. И лидерите се во една чевла зошто постепено се затвораат во својот круг на соработници и касно осознаваат дека тие не биле нивен избор туку вртелешката на интереси ги довела до нивниот видокруг. Затоа и имаме монополи во секој сектор на функционирањето. Самите партии станаа монополи на политичкиот простор стеснувајки го изборот на граѓаните на неколку политички групации . Без јасни идеолошки определби кои денес се само флоскули во декларираните програми, системот ги поништува разликите меѓу партиите. По извесно време на власт сите функционирааат скоро исто и по некои правила за кои и не биле бирани од мнозинството. А од кого биле предложени?

И што да правиме вака сопнати во една чевла? Да се ослободиме од чевлата која веќе не ѐ обувка, туку сопка. Боси ли по патот? Па и боси барем ќе чекориме, а вака падот на врвот од носот не ни бега. Штом не гледаме подалеку од носот – тогаш тој прв ќе настрада.


Текстот е личен став на авторот
Tags: владаминимални платиполитичариреформифинансии
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ