• Latest
„За заедничка Македонија“, 2017 година, протест кој му претходеше на нападот на Собранието (27 април 2017)

Со говор на омраза против законот за јазиците

January 21, 2018

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Со говор на омраза против законот за јазиците

January 21, 2018 11:35
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
„За заедничка Македонија“, 2017 година, протест кој му претходеше на нападот на Собранието (27 април 2017)

„За заедничка Македонија“, 2017 година, протест кој му претходеше на нападот на Собранието (27 април 2017)

Share on FacebookShare on Twitter

„Смрт за предавниците“, „продадени души“, „планот на Адолф Хитлер“ се изразите кои го придружуваат повикот за денешниот протест на организациите Тврдокорни и Македонски обединети сили против законот за јазици. 

Одеднаш, овие организации се претставуваат како анти-фашистички, а нивниот повик, освен со говор на омраза, изобилува со целосна дисквалификација на институциите и обвиненија на сметка на соседните држави.

„Сакаме да потенцираме дека законот за двојазичност е директна акција на албанскиот фашизам и иредентизам врз Македонија и Македонскиот народ како и рушење на темелите на асномска Македонија. Законот за двојазичноста претставува губење на придобивките од антифашистичката борба за време на Втората светска војна. Исто така, тој закон претставува продолжение на окупацијата од Втората светска војна, како и продолжение на проектот на Адолф Хитлер за создавање на голема албанска држава. Токму и затоа, политиките и постапките на нашата влада единствено може да бидат сфатени како израз на албанската фашистичка идеологија на владата на Зоран Заев. Ние сме пред се анти-фашистичка организација која се бори против албанскиот фашизам во Македонија, како и против фашизмот кој нашите соседи го искажуваат врз нас. Токму затоа, како анти-фашистичка организација ние се чувствуваме директно повикани да се бориме против албанската фашистичката идеологија и политика на владата на Зоран Заев.“ – се вели во нивното соопштение кое го пренесува Фокус.

Во текстот на Фејсбук настанот за протестот, меѓу другото, се вели: „Никој не им брани да се цивилизираат, образуваат и интегрираар, но тие не знаат ништо друго освен камења, ножеви, калашникови и наркотични сретства.“

 

Протестот им е закажан за 13 часот, пред Собранието на Република Македонија.

М. Л.

Tags: „Тврдокорни“говор на омразазакон за јазицинационализамПротест
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ