• Latest

Со измени на Законот за легализација на дивоградби се продолжува неговата важност за уште пет години

March 4, 2021
Протестни блокади Србија, Земун
Фотографија/ Н1

Шести ден од блокадата: Најавени се нови прекини во сообраќајот, „слободна зона“ во центарот на Земун

July 5, 2025

Амнести интернешнл: Српските власти мора да дејствуваат воздржано и да им обезбедат на граѓаните безбедно учествуво во протестите и слободно да го изразат своето незадоволство без страв од заплашување

July 5, 2025

Коалиција Маргини: Да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не нуди решение, туку го засилува проблемот

July 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на официјалниот канал на White House

Трамп се закани со царини од 17% за извоз на храна и земјоделски производи од Европа

July 5, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Со измени на Законот за легализација на дивоградби се продолжува неговата важност за уште пет години

March 4, 2021 13:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, којшто заклучно со вчера беше во сила десет години, треба да се овозможи негово продолжување уште пет години за да може општините да постапуваат по нерешените предмети за легализација. Тие законски измени се на дневн ред на денешната 34. седница, но за нив Парламентот ќе расправа откако ќе поминат во надлежните комисии. Во собраниска процедура е и новиот предлог закон за легализација на дивоградби со којшто се овозможува легализирање на вакви објекти, со одредени исклучоци, но со плаќање 50 проценти од износот на комуналиите.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека министерот за транспорт и врски Благој Бочварски деновиве бара начин за легализација на бесправните објекти.

„Вчера истече рокот, има граѓани кои не успелае да соберат 50 евра за да направат елаборат и не успеале да ги легализираат нивните објекти, тоа е нивниот дом и сега немаат начин, остануваат дивоградби. Државата не треба да урива затоа што тоа е материјално добро и пред се, на најсиромашните. Ако не го продолжиме законот, еве заглавен е, навистина никој нема придобивка од тоа“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по почетокот на изградба на далекуводот Штип-Овче Поле.

Според министерот Бочварски, целта со новиот закон е да престанат нелегалните градби и процесот на градење да се одвива во редовни постапки.

„Новиот закон за бесправно изградени објекти којшто е во собраниска процедура е покренат од градоначалниците и со него сите плаќаат 50 проценти плус на комуналиите, со што секој оној којшто изградил бесправно, а ќе се вклопи во идниот развој на плановите ќе плати 50 проценти од износот на комуналиите како пенали со цел да го натераме народот да престане да гради нелегално, туку да оди во редовните процедури и постапки“, рече Бочварски.

Важно е дека со овој закон решаваме клучни и главни инфраструктурни прашања и проекти на државата, далекуводи, гасоводи, водоводи и различни објекти што биле изградени одамна со сите процедури, но не се впишани во Катастарот. Овој закон треба да помине токму поради продолжување на постапките и процесите во државата, истакна Бочварски.

Во однос на станбените згради, тоа што беше одреден недостаток во претходниот закон, како што појасни, сега решението во новиот закон е дека нема да може да се легализираат големи станбени единици, со цел да не се наруши целиот простор и урбаното живеење во државата. Ова е една од придобивките со кои ќе ги запреме сите овие големи гломазни процеси кои беа во тек со претходниот закон, но сакаме заради решавање на важни прашања за граѓаните и за државата да продолжи овој нов закон за бесправно изградени објекти, изјави министерот Бочварски.

Од 2011 година кога почна процесот, досега се легализирани 265.264 бесправно изградени објекти.

Со Законот за легализација чија важност истече вчера можеа да се легализираат дивоградби изградени до март 2011 година, а во роковите што се продолжуваа во два наврати беа поднесени 430 илјади барања за легализација. Новиот предлог закон, пак, се однесува за дивоградби за периодот од март 2011 до октомври минатата година, со исклучок на дивоизградените згради, надградбите на зградите, проширените тераси, како и дивоградбите во заштитеното подрачје на Охридскиот регион./МИА/

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ