• Latest

Со новата телекомуникациска опрема во МЕПСО почнува дигитализацијата на преносната мрежа

November 1, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС

Со новата телекомуникациска опрема во МЕПСО почнува дигитализацијата на преносната мрежа

November 1, 2022 11:08
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Најновата телекомуникациска опрема на АД МЕПСО што од денеска ќе биде ставена во функција ќе овозможи брз, стабилен и точен пренос на податоци, непречена испорака на електрична енергија и минимизирање на ризикот од каков било прекин при преносот во случај на хаварии или лоши временски услови.

Со ова современо решение, МЕПСО го почнува процесот на дигитализација на преносната мрежа. Се работи за проект вреден околу пет милиони евра, од кои 2,9 милиони се средства од ЕБОР, а останатите од АД МЕПСО.

-Опремата е темел за добивање навремени податоци и со ова решение МЕПСО го почнува процесот на дигитализација на преносната мрежа. Со оваа најмодерна технологија ќе се постигне домаќинско и ефикасно искористување на оптичките влакна интегрирани во далекуводите и ќе се обезбеди шифрирање и комплетна заштита на информацијата која ќе се транспортира. На тој начин, се обезбедува брз и точен пренос на податоци, непречена испорака на електрична енергија и се минимизира ризикот од прекин на пренос на податоци во случај на хаварии и лоши временски услови, истакна генералниот директор на МЕПСО, Орхан Муртезани.

Тој напомена дека техничките перформанси на досегашната опрема која датира од 2004 година, веќе не нудат опции кои би одговориле на дејноста. Во моментов, нагласи Муртезани, за поврзување на податоците се користи опрема која веќе нема поддршка од производителот, ниту за неа се произведуваат резервни делови.

Инсталирањето на новата опреа го поздрави и премиерот Димитар Ковачевски, кој потенцира дека во услови на енергетска криза како актуелната, од исклучително значење е стабилниот пренос на податоци.

-Денес имавме можност да го видиме најсовременото решение за телекомуникациска опрема и далечински мониторинг на трансформаторските станици во МЕПСО. Ова значи дека ќе имаме сигурен пренос на електрична енергија, што во услови на криза е исклучитлено важно. Целта е да се обезбедува брз и точен пренос на податоци, непречена испорака на електрична енергија и ризикот од прекин да се сведе на минимум, истакна Ковачевски.

На пуштањето во употреба на опремата се обрати и претставникот од ЕБОР, Анди Аранитаси, а присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претставници од фирмите изведувачи, како и раководството на ЕСМ и МЕПСО.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ