• Latest
Украинци протестираат пред руската амбасада во Атина / МИА

Со пароли „Ние не сме нацисти, запрете ја војната“, „Путин, тргни ги рацете од Украина“ украинци што живеат во Грција протестираа пред руската aмбасада во Атина

February 26, 2022

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Со пароли „Ние не сме нацисти, запрете ја војната“, „Путин, тргни ги рацете од Украина“ украинци што живеат во Грција протестираа пред руската aмбасада во Атина

February 26, 2022 15:57
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ОПШТЕСТВО
Украинци протестираат пред руската амбасада во Атина / МИА

Украинци протестираат пред руската амбасада во Атина / МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Со украински знамиња, со слогани против војна и против Путин, Украинци кои живеат во Грција денеска одржаа мирен, антивоен протест пред Амбасадата на Русија во Атина, пренесе МИА.

„Ние не сме нацисти, запрете ја војната“; „Путин, тргни ги рацете од Украина“; „Путин, убиец“; „Руски терористи, одете си од Украина“, беа дел од слоганите испишани на паноата, а во разговор со  дописничката на МИА од Атина, дел од Украинците раскажаа дека нивни роднини се во Украина, се наоѓаат во постојан контакт со нив и од нив дознаваат што се случува во нивните родни места, а сите се согласни дека никој не може да поверува дека во 2022 година се случува војна.

Протести во Атина на украинци што живеат во Грција 26 февруари, 2022 – фото МИА

Младата Владислава, по потекло е од градот Запорожје во јужна Украина што се наоѓа блиску до Мариупол, на протестот беше со плакат во форма на срце со боите на украинското знаме и порака дека потребна е помош од светот.

-Таму е баба ми, која е многу стара. Нема ни маж, ни друго семејство, сама е. Не знае како ќе избега и каде ќе оди. Само што ќе ги слушнат сирените, веднаш се кријат во засолништа. Вчера зборував со неа до 8.30 и потоа се прекина линијата. Денеска кога зборувавме ми рече дека се во скривница, вели Владислава и потенцира дека е потребна голема внимателност со лажните вести и начинот на кој се информираат граѓаните.

Истакнува дека информациите што тие ги добиваат не се од медиумите, туку од нивните роднини и пријатели  што во моментот се таму и коментира дека се целосно погрешни вестите во руските медиуми дека руската војска доаѓа за да ги спаси граѓаните.

Голем дел од Украинците велат дека нивните роднини и семејства воопшто не размислуваат да дојдат кај нив во Грција, туку дека ќе останат и ако е потребно ќе се борат.

-Во Украина го немаат стравот што го имаме ние овде, што сме далеку, многу се смирени, бидејќи ситуацијата е ваква веќе осум години, од 2014. Загинаа 14.000 украински војници, млади луѓе. Жално е што Европа толку години не кажуваше ништо. Во Грција не го знаат ова. Имам многу пријатели овде, никој не знае. Сега дознаваат што се случува, вели Украинката Ина.

Украинците, за утре, закажаа нов антивоен протест, но во центарот на Атина, пред грчкиот Парламент.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ