• Latest

Со „Стартапувај 3“ два милиони евра за финансиска поддршка на проекти

April 28, 2021

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

Со „Стартапувај 3“ два милиони евра за финансиска поддршка на проекти

April 28, 2021 13:18
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Финансиска поддршка од два милиони евра за македонскиот старт ап еко систем се на  располагање со третиот јавниот повик за ко финансирани грантови за новоосновани трговски друштва стар-ап и спин-оф  „Стартапувај 3“ што го објави денеска Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и ќе биде отворен до 12 јуни годинава.

– Поддршката е наменета за проекти кои имаат најмалку  „потврден  концепт“ (proof of concept) и јасна амбиција за комерцијализација, како и проекти кои се во фаза на потврден концепт до преткомерцијална фаза, рече на прес-конференција директорот на ФИТР, Коста Петров, додавајќи дек Фондот поддржува проекти кои се во фаза на потврден концепт до преткомерцијална (претпазарна) фаза.

Со „Стартапувај“3 ќе бидат финансирани проекти на новоосновани трговски друштва регистрирани во државава кои ги исполнуваат условите согласно со Правилникот на ФИТР.

За да ги охрабрат сите иноватори кои се уште немаат своја компанија  воведена е новина за апликантите. Првпат ќе може да аплицира и тим кој се состои од најмногу пет членови физички лица. Доколку нивниот  проект биде избран за финансирање ќе имаат обврска во рок од 30 дена по прием на известувањето за селекција на  проектот да регистрираат старт ап во кој како основач ќе се јават најмалку 51 процент од членовите на тимот.

– Првпат добиените средства ќе бидат неповратни,  што претставува уште еден поттик и олеснување за македонските стартапџии да добијат шанси за реализација на нивните проекти. ФИТР ќе обезбеди до 40 илјади евра односно 90 проценти од вкупниот буџет на проектот за трговски друштва до три години постоење, односно 60  илјади евра или 85 проценти од вкупниот буџет на проектот за трговски друштва со над три, а помалку од  шест години постоење. Преостанатиот износ од 10, односно 15 проценти  од вкупниот буџет на проектот ги обезбедува апликантот, информира Петров.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи истакна дека целта на ваквите повици на ФИТР е трансформација на старт ап еко системот и создавање силен конкурентен систем.

– Северна Македонија како стар ап хаб на Балканот и тоа е нашата цел.  Владата на РСМ гледа навистина голем потенцијал во идеите на младите и иновативните луѓе, а доказ за тоа се и досегашните 305 поддржани стар ап компании со инвестиција од над 17 милиони евра, рече Битиќи.

Еден од главните предизвици на работата на новоформираниот стартап совет што го раководи тој, како што наведе, е развивање подобри регулативи преку создавање нови и ажурирање на постојните и создавање платформи кои ќе ги намалат трошоците за стар ап и ќе ги олеснат административните процедури.

– Законот за иновациска дејност кој е креиран според новите трендови и кој за првпат ќе ги вклучува и бизнис ангелите во рамките на своите прописи, а на тој начин ќе обезбеди подобар пристап до финансиите и подобар ангажман на корпорациите и нивните инвестициски фондови во македонскиот стар ап еко систем.  Истовремено сме посветени на привлекување на дигиталните  номади и нашата намера е да создадеме адаптирани законски измени и погодни услови за престој и работа на странците во нашата земја. Ова би било од голема корист за економијата на земјата, бидејќи заработениот приход на странците ќе се потроши во РСМ  придонесувајќи за растот на домашната економија. Во рамките на тоа, веќе е формирана работна група што работи на предлози на законските измени, информираше Битиќи.

Петров соопшти и дека покрај финансиската поддршка на сите креативни иновативни стар ап компании кои ќе аплицираат на овој јавен повик им нудат дополнителна поддршка преку партнерите НЛБ банка и Силк роуд банка со кредитни производи и услуги по привилегирани пониски каматни стапки од редовните. Во тек се преговори со три банки и се очекува до крајот на повикот дека и да излезат со иновативни продукти за стар ап компаниите.

На претходниот повик „Стартапувај 2“, што беше наменет за кофинансирани грантови за новоосновани компании, а ФИТР го спроведе во соработка со Светска банка, се 235 стартап компании, за 30 отсто повеќе во споредба со првиот повик наменет за поддршка на стартапи реализирани минатата година а на кој беа пријавени 186 апликанти.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ