• Latest
Фото извор: МИА

Со законските измени ќе се овозможи директна набавка на „Трикафта“, се става крај на 15 годишниот проблем на пациентите со цистична фиброза

March 10, 2023

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Со законските измени ќе се овозможи директна набавка на „Трикафта“, се става крај на 15 годишниот проблем на пациентите со цистична фиброза

March 10, 2023 13:28
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО
Фото извор: МИА

Фото извор: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Со законските измени за набавка на лекови кои се произведуваат од еден производител, односно кога станува збор за патентиран лек, се решава децениски проблем на пациентите со цистична фиброза и ретки болести, објави денеска премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Лекот „Трикафта“ за најкритичните пациенти со цистична фиброза пред неколку дена пристигна на Клиниката за детски болести и Клиниката за пулмологија.

Заложбите на претседателот на Владата да се направи системскиот пристап за грижа на пациентите со цистична фиброза и ретки болести, резултираа со иницијатива за законски измени кои веќе се испратени до Собранието на Северна Македонија и со кои се предвидува државата директно да набавува лекови од производител кој има патентиран лек.

Горливиот проблем на пацинетите со цистична фиброза стар 15 години, премиерот Ковачевски очекува од пратениците да има разрешница на 16 март за кога е закажана собраниска седница за законски измени поврзани со набавка на оваа терапија.

„Денеска лекот „Трикафта“ веќе го примаат дел од пациентите. Министерството за здравство и ФЗО во координација со мојот Кабинет одобрија 2,2 милиони евра за набавка на лекот „Трикафта“. Со оглед на тоа дека добавувачот на лекот успеа да постигне пониска цена, во однос на количините кои што беа побарани по лек, се остави простор дека плус пациенти во тој износ можат да го добијат лекот. Таа апликација е веќе започната во однос на овие количини кои се веќе пристигнати.

Со оглед на тоа дека овој лек го произведува еден производител, бидејќи е патентиран лек, ние веќе предложивме законски измени и тие беа поднесени од моја страна до Собранието. Законските измени се поврзани со оваа терапија и тие се наоѓаат во Собранието и за нив е закажана седница на 16 март, сметам дека сите пратеници тоа ќе го поддржат.

Нашите закони не дозволуваат директна набавка од производители што имаат патентиран лек, туку мора да се оди преку јавни набавки и трговци на лекови.

Тоа дополнително ја зголемуваше цената на лековите. Затоа иницирав веднаш да се пристапи кон измени на законската регулатива и подготовка на законски решенија со кои ќе се овозможи во најбрз рок пациентите да ги добиваат лековите и да може директно да се преговара со производителот кој единствен го има лекот, со цел да се добие подобра цена“, изјави премиерот Ковачевски.

Директната комуникација на државата со производител на патентиран лек овозможуваат и испорака на  статистики во однос на болестите за кои имаат изработено патентиран лек, тоа овозможува на Министерство за здравство и на ФЗО, да може да ги планираат набавките во иднина.

Законските измени кои беа извршени на барање на премиерот, наликуваат на регулативи кои ги имаат голем број на држави, земји од регионот. На тој начин се добива побрз и поевтин пристап до ваква иновативна терапија.

„Овие законски измени кои се наоѓаат пред пратениците ќе овозможат да се набавува не само лекот „Трикафта“ туку и други лекови кои се произведуваат од еден производител кој има патентиран лек. Интенцијата со законските измени е да се опфатат сите пациенти, согласно терапиите кои треба да ги примаат, по насока на лекарите од Клиниките каде се следат овие пациенти“, истакна премиерот Ковачевски.

 

 

Tags: законски измениТрикафтацистична фиброза
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ