• Latest

Собранието ги усвои измените на Деловникот во врска со употребата на јазиците

July 24, 2019
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Собранието ги усвои измените на Деловникот во врска со употребата на јазиците

July 24, 2019 15:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Северна Македонија во продолжението на 106-та седница го изгласа Деловникот за изменување и дополнување на деловникот на Собранието на РСМ, по скратена постапка.

„За“ измените на Деловникот, што се поврзани со Законот за употреба на јазиците,  гласаа 63 пратеници, без поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

За оваа точка од дневниот ред на 106-тата седница вчера реагираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, според кого со носење по скратена постапка не се почитува процедурата и не е во согласност со процесот „Жан Моне“ во кој политичките партии, како што рече, консензуално се договраат за донесување деловник во Собранието.

Тој го праша предлагачот, претседателот на Собранието, Талат Џафери зошто предлогот за измени содржи дел од незатворени прашања од процесот „Жан Моне“ и не им  е оставено на пратеничките групи заедно и консензуално да го донесат.

Мицевски го обвини дека исто како и Законот за јазици, продолжува со иста тактика и бара донесување измена на Деловникот.

– Немаме против употребата на јазици кои ги зборуваат другите националности во Македонија, но имаме против начинот на кој се донесе и Законот за јазици и  Деловникот кој денеска го предлагате, рече координаторот на опозициската партија.
Џафери одговори дека Законот за употреба на јазиците донесен во 2018 година е во сила и дека со него начелно е предвидена законска обврска во рок од шест месеци да се усогласат подзаконските акти на Собранието.

Измените на Деловникот се во врска со Законот за употреба на јазиците и се однесуваат на користењето на јазикот на седниците на Собранието и на седниците на работните тела, печатот на Собранието, пратеничките легитимации и стенограмите од седниците на Собранието и седниците на работните тела.

Во образложението на предложените измени на Деловникот се наведува дека измените и дополнувањата на Деловникот на Собранието на РСМ е усогласување на Деловникот со Законот за употреба на јазиците, како и почитување и спроведување на одредбите на Законот за употреба на јазиците, од кои произлегуваат обврски за Собранието во однос на употребата на службен јазик покрај македонскиот и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Република Северна Македонија. Работата на Собранието е регулирана со Деловникот и поради тоа за целосно спроведување и применување на Законот за употреба на јазиците е потребна измена на Деловникот на Собранието на Република Македонија.

– Предлог-деловникот за изменување и дополнување на Деловникот на Собранието на Република Македонија се заснова на истите начела врз кои се заснова Деловникот на Собранието на Република Македонија. Основните решенија на овие измени и дополнувања придонесуваат за целосна примена на Законот за употреба на јазиците, се вели во образложението на предложените измени на Деловникот.

Share44Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ