• Latest

Собранието и Владата во зедничка подготовка за поефикасен систем за управување со кризи

May 28, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието и Владата во зедничка подготовка за поефикасен систем за управување со кризи

May 28, 2021 13:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеници од различни релевантни комисии, како и собраниска и владина служба деновиве учествуваат во виртуелна симулација со експерти од Швајцарија и САД, со цел да стекнат знаење што ќе им помогне поефикасно да ги поддржат граѓаните при следната криза.

Онлајн-настанот насловен „Подготовки за следната криза: Развивање на поефикасен систем за управување со кризи“ е организиран од Националниот демократски институт и е дел од швајцарската „Програма за парламентарна поддршка“. Меѓу учесниците, повеќе од 50 на број, беа претставници на владини министерства и институции, канцеларијата на претседателот на Републиката, граѓански организации и донаторската заедница во земјата.

„Преку дводневната анализа на постојната состојба и досега уредениот начин на справување со криза, улогата и одговорноста на секоја институција во иднина, а особено надзорната улога на Собранието, како и идентификување на точките за подобрување, верувам дека ќе дојдеме до вредни и сеопфатни одговори со цел подобро справување со евентуални кризи што би можеле да ни се случат во иднина“, истакна претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Зоран Нечев од Институтот за демократија ги презентира начините на функционирање на системот на Северна Македонија за време на криза, додека д-р Ен Филипс и пензионираниот полковник Џим Руф детално се осврнаа на системот на САД, додека д-р Роланд Болин го сподели своето мислење за системот на Швајцарија. Локалните практичари и членовите на граѓанските организации ги споделија своите проценки за системот за управување со кризи во Северна Македонија и исто така ги разгледаа системите за управување со кризи во Швајцарија и во САД.

„За сите држави во светот, Ковид-19 пандемијата е ситуација без преседан, и затоа е неопходно од оваа криза да излеземе со сознанија и искуства што ќе ни помогнат во идните. Од секоја криза, како што е редот, и од оваа треба да извлечеме поуки и да ги преточиме искуствата и знаењата во секогаш подготвен и одржлив систем за управување со кризи и да воспоставиме формални механизми за надзор и контрола во вонредна состојба“, рече Зоран Заев, претседателот на Владата.

Во текот на симулацијата, учесниците ги испитаа надзорните функции на Собранието, вклучително неговите клучни одговорности, структури и работни процеси во сите фази на кризата – пред, за време и по неа – и идентификуваа потенцијални области и активности што можат да се подобрат. Тие ги анализираа постојните процеси за кризен менаџмент и ги разјаснија улогите и одговорностите во архитектурата за управување со кризи. Дополнително, учесниците ги оценија барањата на извршната власт од Собранието за подобрување на националниот процес на управување со кризи и идентификуваа начини за подобрување на надзорот на националните процеси за управување со кризи.

„Преку нашите заеднички напори за добро управување, македонските институции треба да спроведат транспарентно и ефикасно донесување одлуки и родово одговорно буџетирање. Има многу лекции што треба да се извлечат од изминатата година и половина, бидејќи земјите ширум светот беа под притисок на социјалните, економските и политичките ефекти на пандемијата. И Швајцарија и Северна Македонија не беа имуни на овие предизвици. Сега повеќе од кога било, јавните службеници мора да разберат како безбедно да се вклучат во креирање инклузивни политики и надзор за решавање на предизвиците на управување поврзани со кризи. Ние охрабруваме отворена и искрена размена за да се идентификуваат начините на Собранието и извршната власт да ги зајакнат своите процеси за управување со кризи и позасилена вклученост на граѓанското општество“ изјави швајцарската амбасадорка Сибил Сутер.

Магдалена Лембовска, Зоран Нечев и Џим Руф неодамна објавија извештај во кој се анализира одговорот на управувањето со Ковид-19 кризата во Северна Македонија. Еден од најзначајните заклучоци на овој документ е дека на стратешко ниво, треба да се донесе сеопфатна „Стратегија за национална безбедност“ преку транспарентен и партиципативен процес, во согласност со последните измени и дополнувања на Законот за одбрана од февруари 2020 година.

„Демократското управување е клучно за справување со пандемиите и следните кризи. Според анкетите на НДИ во 2020 година, граѓаните очекуваа соработка и консензус за заштита на јавното здравје за време на Ковид-19 кризата. Двајца од тројца анкетирани граѓани во Северна Македонија претпочитаа демократско споделување моќ и креирање консултативни политики како стратегија за справување со Ковид-19. Креирањето ваква политика го претпочитаат мнозинството анкетирани граѓани, дури и доколку тоа го забави одговорот на кризата. Проценката на НДИ е дека надминувањето на основните дефицити во управувањето може да се постигне со: зајакнување на демократските институции; промовирање партиципативно и инклузивно донесување одлуки; зајакнување на ефективни комуникации и спротивставување на дезинформациите; борба против Ковид-19 корупција, како и спречување на насилството врз жените и девојчиња“ рече Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на НДИ.

Преку проширување на поимот за безбедност, новата стратегија треба да се заснова на проценка на ризици и да следи акционен план за градење отпорност кон разни безбедносни закани. Во овој контекст, Собранието треба да има активна улога не само во усвојувањето на документот, туку и во надгледувањето на неговата имплементација. Правните празнини откриени при реакцијата на пандемијата со Ковид-19 треба да се решат со усвојување соодветна правна рамка за вонредната состојба, опфаќајќи прашања како што се јасно дефинирање на улогите и одговорностите на институциите, процес на донесување одлуки, надзор и контрола.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ