• Latest

Собранието ја констатираше оставката на пратеникот на НДП, Весел Мемеди

July 9, 2019
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Собранието ја констатираше оставката на пратеникот на НДП, Весел Мемеди

July 9, 2019 14:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Северна Македонија на денешната седница ја констатираше оставката на потпретседателот и пратеник од НДП, Весел Мемеди.

Тој во обраќањето до пратениците ја обраложи оставката, посочувајќи на несериозен пристап кон НДП како мала партија и коалиционен партнер, но и нечесна политичка игра по завршувањето на промените во државата.

„Според нашите сознанија, играта била зачувување на интересите на СДСМ и ДУИ, за сметка на една друга помала политичка партија. Договорот бил постигнат многу порано помеѓу Ахмети и Заев, за трансформација на Секретаријатот за спроведување на охридскиот договор во посебно министерство. На тој начин, бидејќи не било можно Албанците да водат 6 министерства, трампата на министерствата ‘1 за 1’, Ахмети се обидел да го прикрие пред Албанците со изговор дека тој не жртвувал ниту едно министерство, компензирајќи за новото министерство, додека Заев ќе ја продаде приказната кај Македонците дека не попуштил пред Ахмети за едно министерство плус, туку успеал да им го земе Министерството за локална самоуправа. Ем волкот сит, ем овците на број“, рече Мемеди.

Тој истакна дека со самото разрешување на министерот Фазлиу, Заев и Ахмети како нова власт, ја потврдиле погубната филозофија во политиката за именување и разрешување кадри. Мемеди упати низа обвинувања на адреса на Ахмети и во врска со Исламската верска заедница.

„Како потврда на кажаното досега, јавноста, а особено чесните луѓе, се уверија преку последните случувања во земјата. Г. Ахмети, припадниците на Исламот во целина, а посебно тие кои ви верувале и чекале 13 години да ги средите работите во ИВЗ, останаа шокирани од вашите приватни разговори со вашите најблиски соработници, за понижувачкиот однос што го имате врз душевната институција ИВЗ и дека воопшто не ве интересирало средувањето на работите во оваа институција, туку слатко се смеете што сте успеале да го претворите во седиште каде се пие најскапиот алкохол. Повеќе од тоа немаме коментар. Само се молиме на Господ да не испадне истото и со вистинските војници, кои верувале во нивниот командант и биле спремни да го дадат нивниот живот за вашиот кажан збор“, рече Мемеди.

Тој на премиерот Зорам Заев му порача дека методот и сценариото кои ги употребил СДСМ спрема албанските коалициони партнери, и конкретно спрема нивните кадри и функционери со ангажирање на Финансовата полиција и политикото искористување на антикорупциската комисија, за нив се познати удбашки методи.

„Преку таквите методи, се врши притисок и уцена кон сите албански личности и кадри, од функционери па до најниските административци, за да се одвојат постепено од нивната матична албанска партија и да ја прифатат политичката платформа на СДСМ како нивна, по можност во иднина и јавно да се зачленуват во СДСМ со цел ослабување на улогата на политичкиот албански фактор во власта. Ова е истата логика која ја применуваше и ВМРО кон албанските кадри и можете слободно и сами да се уверите колку е трагикомично. СДСМ треба веднаш да престане со копирање на лажната и трагичната филозофија што ја наметнала претходната власт, ако веќе не е доцна“, додаде Мемеди.

Мемеди оставката ја поднесе лут на премиерот Зоран Заев и владината коалиција што без негова согласност донеле одлука да го разрешат министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и на негово место да дојде Горан Милевски од ЛДП. Заев тврдеше дека на НДП им било понудено да предложат министер без ресор, додека Мемеди рече дека немал намера да прави политички пазар за смена на министерства.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ