• Latest

Собранието ја започна последната недела на годината со густа работна агенда

December 24, 2018
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Собранието ја започна последната недела на годината со густа работна агенда

December 24, 2018 15:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собрание

Интерпелација

На денешната прес конференција во Собранието на Република Македонија, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски соопшти дека поднеле интерпелација за министерот на МВР, Оливер Спасовски.

„Министерот Спасовски докажа дека функцијата министер ја води спротивно со законот”. Со ова образложение кординаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека поднеле интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер  Спасовски. Мицевски обвини дека наместо да гарантира ред и мир,  главна задача на МВР стана прикривање на криминалот. Според Мицевски,  МВР  служи за заштита и поткуп. “Благодарение на Оливер Спасовски, Македонија стана синоним за корупција”, изјави Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција во Собранието.

Антикорупција

Предлог законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси го помина првиот филтер во Собрание. На прво читање законот помина со подршка од 58 пратеници, а 16 беа против.

По ова гласање законот се испраќа во понатамошна процедура во матичната Комисија и другите заимтересирани собраниски тела од каде ќе се врати на второ читање на пленарна седница за конечно гласање и влегување во сила.

ЦИВИЛ одржа конференција „За општество ослободено од корупција“ како почеток на низа активности во борбата против корупцијата како еден од горливите проблеми во општеството, каде се зборуваше токму и за овие законски мерки, што веќе се во собраниска процедура.

Финансии

Пратениците денеска во рамки на 66. седница ја почнаа расправата за Предлогот на закон за данок на личен доход, со кој всушност се воведува прогресивен данок. Предложено е законот да се донесе во скратена постапка.

Како праведно решение го оцени овој закон министерот за финансии Драган Тевдовски, додека според опозицијата ова е лошо законско решение и катастрофа за македонската економија.

Освен даночната стапка од десет проценти се воведува и стапка од 18 отсто која ќе се однесува на даночна основа која надминува еден милион и осумдесет илјади денари на годишно ниво, односно 90 илјади денари на месечно ниво. За даночната основа до еден милион и осумдесет илјади годишно и до 90 илјади месечно останува примената на постојната даночна стапка.

Реконструкција во најава

Ден по седницата  на централното собрание на ДУИ, кадешто се направија измени во високото раководство, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, и официјално најави  промени во владиниот кабинет по гласањето на уставните измени.

Вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Хазби Лика за кој Цивил Медиа одамна најави дека може да биде сменет од владина функција, конечно ја изгуби позицијата – организационен секретар во ДУИ. На негово место вчера високите органи на партијата го назначија пратеникот Артан Груби, досегашен шеф на кабинетот на лидерот на партијата Али Ахмети. Освен Груби, централното собрание на ДУИ вчера го назначи и Атила Реџепи за генерален секретар, место кое остана празно по смрта на Абдилаќим Адеми.

Амнестија

До денеска попладне до Кривичниот суд во Скопје се пристигнати вкупно 38 барања за амнестија од обвинетите во неколкуте случаи кои се однесуваат за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.

Петдневниот рок за доставување на барањата за амнестија истекува утре. Обвинетите можат да ги достават барањата Барањата  до Судот лично и по пошта. По истекот на рокот за поднесување на барањата, Судот и Обвинителството ќе имаат рок од пет дена да одговорат кој од барателите  ќе биде амнестиран.

МВР

Министерствтото за внатрешни работи соопшти дека на подрачјето на СВР Скопје и СВР Битола во изминатите неколку дена со цел спречување на нелегалната продажба и употреба на пиротехнички средства кај две лица се пронајдени над 55,000 парчиња пиротехнички средства.

МВР извести дека ќе продолжи со мерки и активности со цел санкционирање на ваквите кривични дела.

Во пресрет на новогодишните празници, минатата недела ЦИВИЛ упати апел до сите граѓанки и граѓани празниците да ги поминат безбедно бидејќи децата се најчести жртви на трауми, повреди, па и трагедии, поради несовесното ракување и злоупотребата на оружјето при славеничко пукање или при употреба на пиротехнички средства, најчесто петарди и ракети.

Вечер пред Божиќ – Бадник

 Католичките верници и дел од православните христијани коишто го сметаат времето по Грегоријанскиот календар, денеска го слават Бадник, во пресрет на Божик, раѓањето на Исус Христос.

Во Македонија централната прослава по повод празникот ќе се одржи во католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. Светата божикна литургија ќе ја предводи бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов.

Човекови права и слободи

 ЦИВИЛ – Центар за Слобода го прогласи декември за месец на човековите права. Секој ден потсетуваме на членовите од Универзалната декларација за човекови права и слободи.

Денеска, на 24 декември потсетуваме на 24-иот член од Универзалната декларација за човекови права: Секој има право на одмор и разонода, вклучувајки го и разумното ограничување на работното време и повремените платени одмори.

Човековите права и слободи претставуваат основни критериуми што ја отсликуваат улогата на човекот и граѓанинот во едно општество, и се најасниот показател за карактерот на власта.

Д. Тахири

Share1TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ