Седницата на Собранието на Нови Сад, која требаше да се одржи пред два месеци, а на која се одлучува за новиот градоначалник, е закажана за денеска во 10 часот. Силни полициски сили биле распоредени околу седум часот наутро, јавуваат српските медиуми.
Полицијата постави ограда пред Собранието, а дел од полицијата во полна опрема за разбивање на демонстрациите е и преку улицата во Собранието на Војводина.
На дневен ред на седницата е оставката на претходниот градоначалник Милан Ѓуриќ и изборот на новиот прв човек на градот – Жарко Миќин, кој своевремено беше шеф на кабинетот на поранешниот градоначалник и премиер во заминување, Милош Вучевиќ.
Ќе се избираат и членови на градскиот совет и заменик градоначалник. Опозицијата повика на протест пред зградата на Собранието.
Според српските медиуми, обезбедувањето и неидентификувани лица под качулки, без ознаки на нив, вчера поставуваа ограда пред градското собрание.
На оградите кои се поставени ги има ознаките на Јавното комунално претпријатие Паркинг сервис.