• Latest

Собранието усвои Декларација за одбележување четири години од членството во НАТО и 75. годишнина од формирањето на Алијансата

March 28, 2024

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието усвои Декларација за одбележување четири години од членството во НАТО и 75. годишнина од формирањето на Алијансата

March 28, 2024 14:59
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска ја донесе Декларацијата за одбележување на четвртата годишнина од членството на Република Северна Македонија во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата во рамките на 149. седница.

Претседателот и подносител Јован Митрески, нагласи дека со донесувањето на Декларацијата ја потврдуваат определбата за давање сериозен и значаен придонес во обезбедувањето на регионалниот, но и на светскиот мир и стабилност. Четири години по зачленувањето во Алијансата, заклучи дека донесените одлуки на патот за членството, биле тешки, но вределе.

– Со оваа декларација Собранието на Република Северна Македонија во пресрет на јубилејната 75. годишнина од основањето на Алијансата ги изразува своите заложби за континуирано остварување на обврските од членството во НАТО и го потврдува опфатот на сите преземени мерки во насока на исполнување на обврските, политиките и заложбите на НАТО содржани во декларациите од самитите на Алијансата. Верувам дека за овој документ ќе обезбедиме силен концензус сличен на оној од 2020 година, рече Митрески.

Со поддршката на декларацијата кажа дека на партнерите во НАТО ќе им биде испратена пораката, како што нагласи, дека во нас имаат посветен и сигурен партнер и сојузник.

– Дополнително, со  усвојување на оваа декларација на самиот крај од мандатот ќе оставиме порака на идните пратеници и за идните генерации воопшто, дека од правецот по кој тргнавме нема отстапување и дека како пратеници ги препознаваме стратешките вредности. Од нив не отстапуваме и заеднички работиме на нивно целосно реализирање, истакна Митрески.

Претходно, пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, кој како што рече, како единствена анти НАТО партија побара тргање на декларацијата од дневен ред, изнесувајќи аргументи дека Алијансата е агресор и кршач на меѓународното право. Според него, членството во НАТО не носи економски просперитет и оти, како што рече, буџетот се користи за милитаризација, наместо за социјални пакети за граѓаните.

Собранието ги донесе и законите за изменување и дополнување на законите за Народната банка на Република Северна Македонија,  за извршување на санкциите, за виното, за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола. Го прифати и предлогот на автентично толкување на член 93 став 2 од Законот за урбанистичко планирање, но не го прифати барањето за давање на автентично толкување на член 19 од Законот за наследувањето.

Пратениците ја прифатија потребата од донесување по скратена постапка на предлог законите за култура, за здравствена заштита, за заштита и благосостојба на животните, законот за медиуми и за Македонската академија на науките и уметноститеи ги ставија на дневен ред на 149. седница. / МИА

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ