• Latest
Бугарскиот претседател, Румен Радев, со остра реторика против Северна Македонија (фото: МИА)

Софија нема нови услови за Скопје, инсистира на договореното

June 30, 2023

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Софија нема нови услови за Скопје, инсистира на договореното

June 30, 2023 12:08
in ВЕСТИ
Бугарскиот претседател, Румен Радев, со остра реторика против Северна Македонија (фото: МИА)

Бугарскиот претседател, Румен Радев, со остра реторика против Северна Македонија (фото: МИА)

Share on FacebookShare on Twitter

Бугарското МНР и претседателот Радев со идентични пораки се огласија околу дебатите во Скопје, дека Софија во текот на преговарачкиот процес може постојано да и` поставува нови услови на РСМ.

„Ние не поставуваме никакви нови услови. Единствено сакаме да се исполнат веќе преземените обврски, кои се вградени во Преговарачката рамка, која многу јасно опишува што треба да се прави“, изјавил бугарскиот претседател.

Ова тој го истакнал во неговиот говор на синоќешната промоција на книгата на Спас Ташев „Борбата на македонските Бугари за права и самостојност – 68 случаи од периодот 1944-1994 година“. Како што соопшти прес-центарот на бугарскиот претседател, Радев го посочил занемарувањето на прашањето за судбината на Бугарите во РСМ и нивните права – како еден од најголемите пропусти на Бугарија во нејзината модерна историја, бидејќи нив ги немало ни во Декларацијата за добрососедство и пријателство од 1999 година, ни во Договорот од 2017 година, ни во Националната рамковна позиција од 2019 година.

„Верувам дека секој бугарски политичар и oпштественик кој се соочува со европските прашања и со темата за местото на РСМ во нив, треба многу јасно да сфати дека државните позиции треба да се градат врз основа на објективни историски факти, на експертиза и на човекови права. Ако сме одговорна земја членка на ЕУ која го почитува своето минато и сите луѓе кои ги дадоа животите за нашата иднина, не можеме да се откажеме од овие позиции, бидејќи тоа е чесниот став како членки на ЕУ“, порачал Радев.

Тој потсетил дека пред неколку дена испратил писма до сите европски лидери и институции, во кои објаснил важни процеси од минатото, но и актуелни предизвици од сегашноста.

„Не можеме да градиме добрососедство и одржлива иднина со јазикот на омразата и навредите кон Бугарите во учебниците, неоткриени архиви на службите за погромите врз Бугарите во Македонија и постојаната дискриминација. Пристапувањето на РСМ во ЕУ е процес кој Бугарија го поздравува не поради геополитички фактори“, рекол Радев, и потсетил на историската и културната поврзаност меѓу двете земји која траела веќе 13 века.

Фотографија: BGNES

Софија редовно ги информира партнерите во ЕУ

На условите кои Бугарија очекува да бидат исполнетиод страна на РСМ, потсетува и бугарското Министерство за надворешни работи во одговор на медуимско прашање.

„Компромисот за европската перспектива на Северна Македонија договорен во 2022 година има јасно запишани услови, кои земјата кандидат треба да ги исполни, како пред целосното отворање на преговорите, така и за време на целиот преговарачки процес. Компромисот опфаќа три, заемно поврзани елементи – заклучоците на Советот на ЕУ од јуни 2022 година, Преговарачката рамка за Северна Македонија, билатералниот Договор од 2017 година и мерките за негова примена (запишани во Протоколите од седниците на Меѓувладината комисија според член 12). Тој компромис е прифатен од сите земји членки на Унијата, тој е на сила, и механизмот договорен преку него има европски, а не билатерален карактер“, се вели во одговорот на бугарското МНР до Бгнес.

Оттаму потенцираат дека постигнувањето членство во ЕУ е континуиран процес со мноштво чекори, во кои земјата кандидат постепено се вклучува кон почитување на европските принципи и примена на стандардите на Унијата во секоја сфера на својот политички, општествен и економски живот.

„Еден од предизвиците пред Северна Македонија е решавање на проблемите со правата на Бугарите и развојот на добрососедските односи со Бугарија. Совладувањето на тие дефицити ќе биде оценувано во процесот на европска интеграција на Скопје, како еден од поставените критериуми во Преговарачката рамка. Земјата кандидат треба да започне целосни преговори за членство, што целосно зависи од впишувањето на Бугарите во нејзиниот Устав. МНР редовно ги информира партнерите на Бугарија во ЕУ и европските институции за состојбата со односите со Северна Македонија, вклучително и за нарушувањата на правата на Бугарите во соседната земја, што е дел од Копенхашките критериуми за членство во ЕУ“, наведуваат од бугарското МНР.

Мицкоски: Сега има само една опција

Но, копјата меѓу власта и опозицијата во Скопје се кршат токму околу прифатените билатерални прашања во Преговарачката рамка, кои во текот на преговорите со ЕУ би можеле да резултираат со нови услови од Софија и да го претворат европскиот процес во доминантно решавање на прашања со Бугарија. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која не даде поддршка на францускиот (европски) предлог, останува на ставот дека „нема да гласа за уставни измени под бугарски диктат“ и оти не може да се потпира само на убавите зборови кои доаѓаат од политичари од ЕУ.

Фотографија: Petr Stojanovski/DW

„Секогаш во име на таа иднина ние правевме некакви отстапки и секогаш сме ние тие кои како народ, држава, политичари треба да прифатиме, да дадеме нешто во име на таа европска иднина. Тезата на канцеларот Шолц, поентата му е дека не сака нови барања. Верувам дека не сака, верувам и дека Борел не сака, но знам кој сака, а тие се јавија неколку дена претходно – Јотова и Радев, кои кажаа дека ова е само отворање на вратата на проблемите, а потоа има уште многу проблеми кои се прифатени, кои се дел од Договорот и Протоколот“, рече Мицкоски на ТВ Канал 5.

Според него, за да бидат убедени македонските граѓани во убавите зборови од ЕУ, на следниот состанок на Европскиот Совет треба да се донесе нов заклучок во кој од драфт верзијата на Преговарачката рамка ќе се тргне делот каде што стои билатералниот договор со Софија.

„Бидејќи, ниту еден кандидат за земја-членка во ЕУ таков услов немал. Да останеа Копенхашките критериуми, чуму имаше потреба да се става и билатералниот договор, ако навистина никој нема проблем со македонскиот идентитет, јазик? Правилото во ЕУ е правило на едногласност, и сѐ додека постои, имаме право да се сомневаме во добрите намери од Софија“, рече Мицкоски.

Покрај ова, партискиот лидер Христијан Мицкоски синоќа соопшти дека поминале четири недели од лидерската средба за уставните измени, а бидејќи премиерот Ковачевски не се изјаснил кој од двата предлога на опозицијата е прифатлив за власта, таа понуда повеќе не важи.

„Од денеска има само една опција на маса, а тоа е предвремени парламентарни избори“, порача Мицкоски.

Извор: Дојче Веле

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БугаријаЕУРадевСеверна Македонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ