Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници, ССНМ, започна кампања за подобрување на социјалниот статус на новинарите и медиумските работници. Како што велат осд ССНм за тоа е потребно солидарност и здружување за постигнување на заедничката цел – повисоки плати и заштита на работничките права.
Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници
За подобрување на социјалниот статус на новинарите и медиумските работници потребни се солидарност и здружување. Кампања на ССНМ за социјалниот статус на новинарите и медиумските работници поддржана од Меѓународната федерација на новинари.
Gepostet von Синдикат на новинари и медиумски работници am Montag, 28. Januar 2019
Во промотивниот видео прилог се вели дека просечната плата на новинарите и медиумските работници во дигиталните медиуми изнесува 18.348 денари, најголем дел од нив работат со авторски договор, а голем е и процентот на оние што не го познаваат Законот за работни односи.
Кампањата на ССНМ е поддржана од Меѓународната федерација на новинари.
Б. Ј.