• Latest

Солунскиот градоначалник рамнодушен за реакциите во Грција

November 18, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Солунскиот градоначалник рамнодушен за реакциите во Грција

November 18, 2017 14:14
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Реакциите во Грција, како од пратеници на опозициските партии, така и од медиумите затоа што градоначалникот на Солун во Скопје го употреби уставното име на Македонија, ги коментираше самиот Јанис Бутарис, кој вели дека е комплетно рамнодушен и потенцира дека тоа не им оди во прилог на напорите што се прават за подобрување на односите меѓу двете земји.

“Оваа чудна врева што се создаде затоа што реков Македонија, ме остава целосно рамнодушен бидејќи секое заживување на такви случаи само лошо им прави на овие напори за развивање на подобри односи. Пред да заминам разговарав со министерот за надворешни работи Никос Коѕиас и тој нѐ поттикна да правиме ваков вид на соработки со Скопје, рече Бутарис од Солун кој детално ги информираше грчките новинари за патувањето во Скопје и средбите со македонскиот државен врв.

Солунскиот градоначалник ги спомена темите и областите во кои може да се започне или прошири соработката на релација Скопје – Солун.

Патувањето, рече, беше продолжение на посетата на министерот за надворешни работи Димитров на Солун кога беше дојден за министерскиот состанок.

“Тогаш разговаравме за низа теми и нѐ покани да ги посетиме, по локалните избори. Јас со задоволство прифатив, за да ги заживееме односите со оваа земја, односно Скопје. Над еден милион скопјани доаѓаат во поширокиот регион на Солун или за одмор или за забава или за било што друго и ова е нешто што е многу важно за Солун. Кога велиме дека сакаме да станеме метропола на Балканот, не може тоа да се постигне со зборови. Треба да развиваш добри односи и да си понапред“, објасни солунскиот градоначалник.

Иако во Скопје без проблем го употреби уставното име, во изјавата за грчките медиуми, солунскиот градоначалник ги користеше термините „Скопје“ и „соседната земја“.

Само неколку часа откако заврши со средбите кај нас, грчките медиуми експресно ја пренесоа изјавата на Јанис Бутарис во која нѐ нарекува Македонија. Коментарите беа дека тој повторно ја направил истата „грешка“, па наместо Скопје или ЈРМ рекол Македонија.

Со реакции излегоа и двајца пратеници од опозициската Нова демократија. Костас Јулекас и Ставрос Калафатис во одвоени изјави го обвинуваат Бутарис за „поддржувач на историски неточните позиции на Скопје“ и за давање изјави кои што се „национално опасни“.

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ГрадоначалникЕУМакедонијаОдносиСолун
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ