• Latest

СОС бара одговори од Амбасадата на САД и од УСАИД за соработката со Фондацијата на Сорос?!

January 23, 2017

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СОС бара одговори од Амбасадата на САД и од УСАИД за соработката со Фондацијата на Сорос?!

January 23, 2017 16:58
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Овие денови сме преплавени со понуди и повици од граѓани кои се заинтересирани да се приклучат и да бидат дел од оваа иницијатива, и сакаат на некој начин да придонесат за нејзината успешна реализација“, вели Цветин Чилиманов, еден од тројцата иницијатори на „Стоп Операција Сорос“.

Од СОС бараат одговор од Амбасадата на САД и од Kанцеларијата на УСАИД во Македонија, на кој начин соработуваат и ја финансираат Фондацијата „Oтворено општество Македонија“.

„На социјалните мрежи, во текот на овие денови ќе ги информираме и граѓаните како можат конкретно да испратат информации, свои забелешки, поплаки и коментари, како во Македонија, така и во Вашингтон, до луѓето кои ги распределуваат овие средства и да им кажат дека Македонија го цени стратешкото пријателство со САД, но изминатиот период на некој начин тоа беше киднапирано од една група идеологизирани лица од двете држави“, изјави Чилиманов.

За процесот на „десороизација“, како основна активност на здружението, пишува и професорката Мирјана Најчевска, како дел од анализата објавена од Сервис за проверка на факти од медиумите.

„Еден од наједноставните начини за фокусирање на перцепцијата на јавноста на еден дел од сликата и оневозможување на јавноста да ги согледа сите параметри на одредено случување (особено, кога станува збор за ситуации во кои се прекршуваат законите и се повредуваат правата на луѓето) е употребата на еден или два збора со кои се покрива една многу посложена ситуација. Таков е примерот со актуелната употреба на зборот ‘Сорос’. Навидум, станува збор за информирање за активностите на еден човек, Џорџ Сорос (и групи луѓе кои се финансирани од Сорос), меѓутоа, доколку се погледне широката лепеза на употребата на зборот во медиумското информирање, фактички, станува очигледно дека со овој збор се врши фокусирање на перцепцијата на јавноста во една точка, со цел дефокусирање од вистински важното: една голема повреда на основното право на давање и на примање информации, на мислење и на изразување“, пишува Најчевска.

Со реакција за нападот на граѓанското општество во Македонија, се огласи и Иво Вајгл, известувачот за Македонија, од групата на либерали во Европскиот парламент.

Но, Вајгл предлага ЕП да покаже загриженост „за радикалните и неоправдани јавни напади на граѓанските организации и странските претставници од  политичарите и медиумите“ во Македонија. Во однос на ова, се забележува „ограничена улога на Владата и посветеност и недоволната соработка со граѓанските организации на сите нивоа“. Па, така, со Предлог-резолуцијата се повикуваат надлежните органи да ги вклучат граѓанските организации во креирањето политика на редовен и структуриран начин.

 

Tags: граѓанско општествоМакедонијаСоросСОСУСАИДЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ