• Latest

Сослушани сведоци на одбраната во случајот „Плацеви на Водно“- за перење пари и противправно стекнување и прикривање на имот

February 18, 2022

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Велика Британија го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, поради врски со Епштајн

September 12, 2025
фото: скриншот Х

Уапсен осомничениот за убиството на Чарли Кирк

September 12, 2025

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025

Јаневска и Мицкоски со кратки нозе

September 12, 2025

САД го суспендираат планираниот стратешки дијалог со Косово поради активностите на привремената влада

September 12, 2025

Жестока реторика и меѓусебни обвинувања: Се заоструваат изборните судири меѓу партиите на Албанците во Чаир и Тетово

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Белорусија и Русија започнаа заеднички воени вежби „Запад-2025“, по маневрите во 2021 започна целосна инвазија на Украина 

September 12, 2025

Амет: Ромите не се проблемот на Скопје, туку дел од решението и промените што треба заедно да ги донесеме

September 12, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании

September 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Сослушани сведоци на одбраната во случајот „Плацеви на Водно“- за перење пари и противправно стекнување и прикривање на имот

February 18, 2022 13:43
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Сведоците Емил Димитриев, Ирена Мишева, Борче Георгиевски и Лазо Малијански, предложени од одбраната во случајот „Плацови на Водно“ беа сослушани денеска во Основниот Кривичен суд – Скопје, пренесува информативната агенција МИА.

Поранешниот претседател на Владата на Република Северна Македонија, Емил Димитриев, рече дека не забележал нерегуларности во економското работење на ВМРО-ДПМНЕ во периодот кога извршувал функција генерален секретар на партијата.

– Во тој период кога ја извршував функцијата генерален секретар немам забележано никакви нерегуларности во однос на работењето на политичката партија. Не можам да кажам дека имало забелешки кои би имале некоја правна последица, посочи тој.

Тој се согласи со прашањето дека Никола Груевски никогаш не побарал од него да земе пари на рака од некоја донација, или дека има слушнато од некое трето лице истото да го побара. Исто како и за прашањето во врска со тоа дали Груевски интервенирал преку него, како генерален секретар, и преку други, за некаква интервенција во Генералниот урбанистички план на Скопје.

Сведокот Борче Георгиевски, поранешен советник на Град Скопје, рече дека расправата на Град Скопје при носење на ГУП-от е процедура која апсолутно се води според деловникот.

– Процедура која апсолутно се води спрема деловникот, преку комисиите, во една нормална демократска дискусија, меѓутоа, колку што можам да се сетам дека немаше апсолутно, дури мислам дека имаше голем број на гласови кои што се донесоа на тој совет во однос на прифаќање на ГУП-от, посочи тој, при што дополни дека немал никаков притисок при изгласување на истиот.

Ирена Мишева, своевремено претседател на Совет на Град Скопје, сподели дека подготовка на ГУП-от е започната некаде 2005-2006 година.

– Тогаш се случи нова територијална поделба на РМ, и согласно тоа, ГУП-от требаше да претрпи одредни измени, постапката е започната во 2005-2006 година, бидејќи се работи за многу обемен документ во кој се вклучени многу институции, трае многу долго и овој ГУП финишираше со неговото донесување во 2012 година и согласно законот се донесе во две фази, прво нацрт фазата, потоа одлуката за ГУП на Град Скопје, појасни таа.

На прашање како течела расправата на Советот на Град Скопје при донесувањето на ГУП-от, таа сподели дека советот броел 45 членови.

– Од она што се сеќавам и пред малку и напоменав, Советот на Град Скопје брои 45 членови, јас точно можам да ви кажам во мандатите, кои, колку, имало советници на ВМРО-ДПМНЕ. Она што можам да го кажам дека тој совет беше многу шаренолик совет од многу политички партии, рече таа.

Мишева, исто така, се согласи дека  никогаш не ѝ била дадена наредба како да гласа при носење на тој ГУП, дали лично или преку некое трето лице.

– Никогаш, ама баш никогаш, Никола Груевски ми се нема јавено ниту за едно прашање, за една тематика, под целосна граѓанска, кривична, материјална одговорност отфрлам какво било толкување дека некој ми се јавил, особено господинот Никола Груевски, рече таа.

На Прашање од претседателот на Советот,  дали кога го гледале и кога работеле на ГУП-ит не ги интересирале и не знаеле кои се сопственици на одредени парцели на Град Скопје, таа истакна дека како советници, немаат увид во ДУП-овите, туку тие се во надлежност на матичните општини.

На денешното рочиште сведочеше и сведокот Лазо Малијански, геодетски инженер кој го образложи неговиот ангажман за изработка на геодетски елаборат за конкретната парцела за која рече дека смета дека се запазени сите законски постапки, а за понатамошното како е тој искористен, нема податоци.

– Јас го разгледав овој геодетски елаборат. Истиот е изготвен согласно позитивните законски прописи, барател за геодетскиот елаборат била фирмата „Life Care“ и се однесувало за барање за физичка делба во реален дел на земјиште. Најчесто физичка делба во реални делби се бара кога се има потреба да се склучуваат договори за купопродажба или за поклони. Наназад, за такви физички делби во реални делови служеле тапиите, потоа скици од претходна постапка кои служеле за договарање. А откако е воведена геодетската пракса служат геодетите, посочи тој.

За да сможе да се изработи геодетски елаборат за физичка делба, како што рече, има предуслови, а тоа се, земјиштето да не е земјоделско, или ако е земјоделско да е поголемо од 20 илјади километри квадратни. Друг услов е земјиштето да е градежно и со намена за индивидуално, стабилно живеење.

– Во овој случај, исто така, не е побарано да се изврши поделба на градежна парцела бидејќи градежна парцела и не може да се дели, односно, градежната парцела може да се дели само со измени на ДУП или со нов ДУП, рече Малијански.

Дел од предложените сведоци на одбраната не беа присутни на денешната расправа со што нивното сослушување се одложи за следното насрочено рочиште на 23 февруари.

Според обвинението за овој случај, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“. Неговиот кум, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ