На Фејсбук изгледа не му оди најдобро, сега го напуштија и основачите на Инстаграм.
Сосопствениците Кевин Систром и Мајк Кригер ја напуштаат компанијата за “повторно да ја истражат нивната љубопитност и креативност”.
Ние сме спремни за нашето ново поглавје, изјави Систром во понеделникот навечер.
Оваа двојка ја основаше популарната апликација за споделување фотографии во 2010. Од тогаш се отворени преку 1000 канцеларии ширум светот и превлекле повеќе од милијарда корисници.
Фејсбук го купи Инстаграм 2012 година за милијарда долари.
“Градењето на нови работи подразбира да се вратиме наназад, да сфатиме што не инспириа и да бидеме во склад со она што му е потребно на светот, тоа е она што планираме да го направиме.”- рече Систром.
Сосопствениците на Инстаграм наводно се одлучиле да поднесат оставка заради кавга со водството на Фејсбук околу аутономијата на Инстаграм внатре во компанијата, објави The Wall Street Journal повикувајќи се на личности запознаени со ситуацијата.
Нивното заминување доаѓа во време кога Фејсбук се соочува со најголемата криза во својата историја. Друштвената мрежа работи и понатаму на враќање на довербата кај своите корисници после скандалот на продавање на информации на компанијата Cambridge Analytica со чија помош се влијаеше на изборните процеси ширум светот. ( НЕТ.ХР)