Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 425.662 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 18.951, а оздравеле 109.225 лица.
– Во словенечките затвори се воведува нов режим поради коронавирусот.
– Англија и Велс веројатно ќе пуштат времено некои затвореници на слобода за да се спреќи ширењето на Ковид-19 во затворите.
– Српскиот министер за здравство Златибор Лончар соопшти дека во Србија е регистриран и четвртиот смртен случај од коронавирус. Станува збор за 60-годишна жена дијабетичар, а на респиратор била од 21 март.
– Прв случај на коронавирус во Либија.
– Американскиот Сенат и Белата куќа договорија пакет помош за американската економија во вредност од два билиона долари поради пандемијата на Ковид-19.
– Калифорниските власти ги повикаа младите да ги почитуваат безбедносните препораки во борбата против коронавирусот, по смртта на млад човек во близина на Лос Анџелес, која е прва позната жртва од Ковид-19 меѓу младите на американска територија.